Се до влезот на Македонија во НАТО, и се додека ВМРО ДПМНЕ не се откаже од Груевизмот, за мене Заев не е обичен политичар кој е на позиција премиер, туку е херој на света мисија!

Објавено на 11.10.2018 во 11:44:19 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


За мене како новинар се додека земјава не влезе во НАТО и со тоа завршат дилемите дали ќе ја биде или не, и се додека ВМРО ДПМНЕ не го напушти Груевизмот, Заев не е обичен политичар кој е на позиција премиер туку херој на света мисија!

Затоа во мојот однос кон него и неговата власт ќе гледам како еден збир на несовршени луѓе со добри намери кои ќе прават грешки кои треба да се критикуваат, но без притоа да се губи надеж и верба во таа група дека ќе успее да стигне до целта.

Притоа, освен критики ќе нудам и совети и ќе помагам таа дружина да стигне до целта.

Кога ќе влеземе во НАТО и кога ВМРО ДПМНЕ ќе се реформира и нема да не плаши дека Груевизмот ќе се врати, тогаш ќе престанам да го помагам СДСМ и Зоран Заев.

Се дотогаш моетои новинарство ќе биде пристрасно и наклонето кон СДСМ и кон Зоран Заев, затоа што сега нив ги гледам како некои воини кои се борат со злото за доброто на сите нас, и глупо е да им ставам сопки и да не им помогнам кога ќе можам.

Тоа е, така стојат работите овде на Мактел.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија