ИМ СЕ ЧУДАМ НА УМОТ: ВМРО ДПМНЕ СЕУШТЕ ВЕРУВА ДЕКА ЕДИНСТВЕН НАЧИН ЗА УСПЕХ ВО МАК ПОЛИТИКАТА Е СО ЛАЖЕЊЕ И ПЛАШЕЊЕ НА НАРОДОТ НАМЕСТО СО МУДРИ ОДЛУКИ, ДОМАЌИНЛАК, ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИ И ДЕМОКРАТИЈА, РЕАЛЕН БЕНЕФИТ ЗА НАРОДОТ И ДРЖАВАТА!

Објавено на 12.10.2018 во 13:13:41 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Манипулацијата, измамата, лажните вести, спинувањето, сеењето страв и омраза, големи дози национализам, инатење, правење мутави, неискрен однос со јавноста, бегање од дебати и интервјуа, одбивање да се извинат за грешките, сеуште ширење на мантрата дека западот ги смениле пошто они ја бранеле Македоња а западот сакал да ја раскине Македоња, да ја изеде и да ја голтне...

А во меѓувреме си одат на конференциите на ЕПП, велат дека се за ЕУ и НАТО?!?!?!

До кога бе ВМРО-вци со ова лудило?! Кога ќе видиме од вас реална умна приземна корисна нормална политика?!

Кога ќе почнете да се будите од сонот?! Кога ќе почнете да ја зборувате вистината, да се однесувате разумно и зрело, кога ќе престанете да не плашите дека а се вратите на власт, или ќе има војна или тешка економска, политичка и уставна криза?!?!

Им се чудам на паметот на ВМРО-вците, ништо не научиле од падот на Груевизмот, си тераат по старо, кога ќе им текне да сменат лента?!

Едвај го чекам тој ден затоа што земја без опозиција не е демократија туку е полу-демократија...

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија