ЕВЕ ЗОШТО МОТОРОТ Е ПРЕВОЗНО СРЕДСТВО ЗА ЛУЃЕ НА КОИ НЕ ИМ СЕ МНОГУ ЖИВЕЕ: Брачен пар од Тетово доживеа ужас во Карпош, сопругот починат, сопругата се бори за живот откако старец им пресекол пат

Објавено на 13.10.2018 во 17:53:17 часот | Македонија

Тешка сообраќајна нессреќа се случи вчера попладнето во близина на “Млечен ресторан” на Улицата “Теодосија Гологанов”.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „Цитроен Крузер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот В.Ч. од Скопје и моторцикл „Дукати“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот Г.Д. од Тетово. Во незгодата се тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и 31-годишната Н.Д. од Тетово.

Тетовчанецот Гоце Д. починал од тешките повреди на главата , имал фатални повреди бидејќи не носел кацига, дознава Досие.мк.

Неофицијално од семејството, Досие дознава дека неговата сопруга Наташа Д. по професија адвокатка, била бремена и се уште во критична состојба. Лекарите и ги оперирале нозете на кои има огромни повреди и загуба на крв од телото. Таа носела кацига во моментот на ударот.

Полицијата истражува зошто возачот завртел на семафор во забранет правец и така им го пресекол патот на Гоце и Наташа и ги покосил.

 

 

* реклами:

 

 

 

Македонија

Свет