ПОЧИТУВАНИ, ДАЛИ ЈА ГЛЕДАТЕ ПЕРВЕРЗНАТА ИГРА НА НЕКОИ ОД НАШИТЕ РЕДОВИ, ГО ПЛАШАТ НАРОДОТ ОД ИЗБОРИ, СО ШТО РАБОТАТ ДИРЕКТНО ВО ИНТЕРЕС НА ВМРО ДПМНЕ!!!

Објавено на 14.10.2018 во 20:39:27 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ако пратениците на ВМРО ДПМНЕ за жива глава не сакаат да гласаат за амнадманите, освен нови избори, што може да понудиме?!?!

Зошто некој упорно сака договорот со Грција да пропадне и Заев да биде прогласен за виновен?!?!

Заев ли ги сака изборите или тие се неопходни?!

Зошто некој го плаши народот од нови избори?! Стравот од избори значи да му дозволиме на ВМРО ДПМНЕ да триумфира, да пропадне договорот и да кренеме раце од се, и згора па и Заев да го прогласиме за виновен?!?!

Аман бе луѓе, дали сте вие нормални?!?! 

Се надевам почитувани читатели, можете да ја увидите пљавата перверзна игра на некои кои се прогласуваат за дел од нашите про-европски, про-амерички либерални прогресивни редови кои се желни за земјава да иде напред и да биде еден ден богата земја каде владее правото и демократијата.

Но зошто овбие гадови цело време отворено работат за ВМРО ДПМНЕ?!?!

Геро на пример, во последната колумна ја прогласува новата власт за иста со онаа на ВМРО ДПМНЕ, дојдена на власт само за да краде?!

И ја обвинува СДСМ во подеднаква мера со ВМРО ДПМНЕ за некакво убиство на иднината на Македонија?!?!

Од каде па сега тоа?! Кој се мачи цела година договорот со Грција да успее?! СДСМ или ВМРО ДПМНЕ?!

И кога сме кај виновниците, кој цела година правеше хистерија за ситните грешки на новата влада?!

Кој сега го плаши народот од нови избори со што директно работи во интерес на ВМРО ДПМНЕ кој се моли на бога избори да нема или пак тие да бидат со мал одзив?!

Кој уште сега работи за тоа изборите да бидат со лош исход по СДСМ, кој уште сега шири меланхолија, песимизам, депресија и гнев кај народот, кога реално, само уште едни избори не делат до она за што се бориме веќе 13 па ако сакате и 27 па дури би рекол и над 100 години - КОНЕЧНО ДА НЕ БИДЕ ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ!

Зарем едни избори се премногу за да дојдеме до таа цел?! Па низ што се поминавме па сега едни избори да не натераат да се откажеме?

Па добро, какво е ова бре плачипичење и малодушност па дури и злоба?!?!?!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија