Ми се допаѓа идејата Владо Бучковски да биде амбасадор во САД, таму ни треба способен искусен политичар кој има конекции, врски и јако ЦВ!

Објавено на 14.10.2018 во 23:43:58 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Идејата да го ставиш Владо Бучковски за амбасадор во САД, е исто логична како да го имаш Мајк Тајсон на располагање и да го пратиш да биде тренер на боксерската федерација на Македонија...

Да Мајк Тајсон има проблеми со законот, лежел затвор, ова она, но нам ни треба тренер кој ќе ги научи децата да боксуваат и да нанесуваат нокаути и тешки деформации на лицата на противниците, додека успешно се бранат...

Бучко бил премиер и министер во тешки моменти за земјата, се вложил во земјава со имплементацијата на рамковниот договор и територијалната поделба за што ќе беше и за малку убиен, и со таа политичка тежина ќе биде голем капитал за оваа земја во САД, од каде и се управува со светот.

Да се потсетиме и дека Владо Бучковски е еден од двајцата македонски лидери кои биле примени пд претседател на САД во овалната соба во Белата Куќа, само тој и Борис Трајковски, никој друг за жал досега ја немал таа чест која се укажува само на мал број светски државници.

Затоа велам, идејата Бучко да хара по САД и да ги поврзува старите врски со Бушови и Клинтонови кои владеат со Америка, без разлика што во моментов Трамп води некаква симултанка, сепак зад него стојат засега Бушови, а ако трамп изгуби, ќе ни треба помош и од Клинтонови кои се неприкосновени во левиот блок преку барата.

Ако Заев и Димитров се решат за Бучко, нема да погрешат, но тој е многу извалкан со разните судски процеси за тенковски делови и слично, треба прво да се види дали тие судски процеси биле местенки како случаите против Заев, Пуч, Поткуп и Глобал...

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија