ДОЈДЕ РЕДОТ И ОВА ЃУБРЕ РЕЖИМСКО, ЏЕЛАТ ЛУСТРАЦИСКИ ДА ПЛАТИ ЗА ЗЛОТО КОЕ ГО СПРОВЕДУВАШЕ ПО НАРАЧКА ЦЕЛИ 10 ГОДИНИ: ТОМЕ АЏИЕВ НА РАСПИТ ВО СЈО!!!

Објавено на 15.10.2018 во 14:27:07 часот | Македонија

Tоме Аџиев, доскорашниот претседател на Комисијата за лустрација, денеска се појави во просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Тој е еден од осомничените во истрагата на СЈО со кодно име „Моќник“, а во обвинителството е повикан на распит, пренесе Фокус.

Во овој случај покрај Аџиев, кој се терети за нарачана лустрација, осомничени се уште 12 лица, меѓу кои и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и неговиот татко.

Истрагара беше отвореноа во март годинава.

Според СЈО пратеникот Антонијо Милошоски наводно со измама на Советот во општина Македонски Брод, овозможил неговиот татко да го купи „Задружниот дом“ во село Ижишта. Според тврдењата на Специјалното обвинителство, со лажни документи таткото на пратеникот прикажал дека тој веќе го користи објектот, а тогашниот градоначалник на Македонски Брод евентуално ги убедил советниците дека објектот му бил даден на 30 годишна концесија. Но, во задружната зграда била сместена администрацијата на општина Пласница, не била во сопственост на Македонски Брод, туку на државата. Таткото на Милошоски го купил и земјиштето околу објектот евентуално за четири пати пониска цена. Градоначалникот на Пласница побарал помош од Владата, која утврдила дека продажбата е незаконска. Тоа, според СЈО, го налутило Антонијо Милошоски, кој побарал помош од тогашната Комисија за лустрација.

„Воедно, сметајќи дека еден судија од Основен суд Кичево е близок на градоначалникот на Пласница и го штити, постои основано сомнение дека организирал и го потикнал претседателот на Комисијата за лустрација, четвртоосомничениот да изврши незаконита лустрација над судијата за да му престане функцијата на судија“, изјави Фатиме Фетаи, СЈО

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет