Ја се повеќе мислам дека македонските неутралци се мрднати

Објавено на 15.10.2018 во 21:18:31 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ја не разбирам што треба да имаш у главата, и да ја посматраш македонската политичка сцена и тој епски дуел на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и да решиш - ех сите се исти, ко ве јебе, кршете глава?!

Како можеш тоа да го заклучиш кога гледаш дека од една страна го имаш СДСМ кој жестоко се обидува веќе со години оваа земја да ја направи нормална, интегрирана, сигурна, безбедна, богата, и за тоа беа спремни да загинат, и од друга страна го имаш ВМРО ДПМНЕ, една банда лопови, дивјаци, лудаци, антички манијаци, насилници, крвници, фашисти, орда хејтерска анти западна, спремна да ја запали и уништи земјава само за да ќарат нешто лично за себе?!

Кој ова не го гледа?! Како не го гледа?! Зашто не го гледа?! Ако го гледа, зашто не застане да му помогне на херојот во приказната, на позитивниот лик кој се бори на страната на доброто за да се победи злото еднаш засекогаш?!?!

Кој не го гледа душманското крадење на Груевци на оваа земја?!

Кој не го гледа сваровски судството?!

Кој не ги гледа лажните вести и манипулации за бегалски кампови и учки на косовска граница?!

Кој не го гледа курвинското понашање на ВМРО ДПМНЕ со години?! 

Зашто не го гледа и слуша, што не е во ред со македонските неутралци!?

Глуви се, неписмени се, или немаат мозок, срце и муда кој тие сигнали потоа ќе ги обработи во заклучок да се застане на страната на СДСМ и Заев?!?!

WTF НЕУТРАЛНА БАГРО?!?!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија