ЕКСКЛУЗИВНО: ЅИНГО ИМ ЗАБРАНИЛ НА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ ДА ИЗЛЕЗАТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗАТОА ШТО ФЕУДАЛИЗМОТ ВО ЕУ БИЛ ЗАБРАНЕТ!!!

Објавено на 15.10.2018 во 21:54:29 часот | Македонија

Мактел дознава дека Ѕинго издал наредба никој од вработените во неговите фирми да не смее да искочи на референдумот!

И навистина, одзивот во Кратово беше меѓу најниските, затоа што две од трите големи партии во градот го бојкотираа, ВМРО ДПМНЕ и Социјалистите.

Само членовите на СДСМ излегоа да гласаат, неутралците и онака ништо не ги интересира, само мрчат, но и само си гледаат сеир и чекаат друг за нив да сработи.

Веројатно причината зошто Ѕинго издал таква наредба до своите вработени е затоа што во ЕУ феудализмот е забранет како систем многу одамна!

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет