Премиере, од мене имаш зелено светло, имам доверба во тебе, направи се што мораш за да влеземе во ЕУ и НАТО по секоја цена!!!

Објавено на 16.10.2018 во 13:08:48 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


За разлика од другите кои фрлаат со дрва и камења по Заев, јас сеуште имам доверба и респект кон него и знам дека тој влече логични и разумни потези кои се на база на тоа што му е на располагање на теренот.

Тука мислам на насоките од Вашингрон, Берлин и Брисел. Тука мислам на ставовите на Ахмети и на она што е можно да се случува со земјата во блиска и далечна иднина.

И врз основа на тие реалности на терен, дома и околу нас, знам дека Заев многу мудро ги вага ситер опции, сите ризици, сите плусеви и минуси и знам дека ќе донесе правилен потег.

Од моја страна, премиере, имаш зелено светло за се што ќе одлучиш. ЈАС ВЕРУВАМ ВО ТЕБЕ И ВО ТВОЈОТ СУД!

И не само твој, туку и на Радмила, Димитров, Спасовски, Пендаровски, Кирацовски, Мисовски и целиот останат тим околу тебе.

Направете се што треба, по секоја цена, да влеземе во ЕУ и НАТО, затоа што само тоа ќе значи сигурна, богата, стабилна, напредна, правна, силна држава и среќен народ.

Се друго е ПОРАЗ, без разлика за какви пирови мали победи збориме, сепак, се друго е во основа ЈЕБЕН ПОРАЗ!!!

Кога мислам на се, мислам и на одредени амнестии за Ќосињата, ништо нема да ми значи мене и на идните генерации дали десетина ропаци ќе гнихат во затвор или ќе шетаат на слобода, споредбено со тоа дали ќе имаме војна и сиромаштија или ќе имаме земја членка на ЕУ и НАТО.

Дури и Черчил мораше едно време да коалицира со Сталин за да се победи Хитлер, што значеше пола Европа да биде под чизмата на црвената диктатура, јбг Зоки, прај се што можеш за да стигнеме до целта, Макијавели нека ти биде ѕвезда водилка!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија