СРЦЕ ДА ТИ СЕ СКИНЕ ЗА КУЧЕНЦАТА ВО ВАРДАРИШТЕ: Над 1000 убиени кучиња за 3 години, над 300 000е потрошени за ветеринарна грижа и проблемот е далеку од решен!

Објавено на 16.10.2018 во 19:50:50 часот | Македонија

Над 1.100 бездомни кучиња биле еутанизирани во последниве 3,5 години во стационарот Вардариште, покажуваат финансиските извештаи на Ветеринарната болница, која редовно, речиси без исклучок години наназад, го добива тендерот за третман на уличните животни на територијата на Град Скопје.

Од 2015 година до август годинава, на уличните кучиња, Комунална хигиена Скопје потрошила околу 300.000 евра, но на терен тешко се гледаат придобивките. Во главниот град има сè повеќе улични кучиња, дел од граѓаните реагираат поради нивната прекубројност, а дел, пак, заедно со невладините организации се борат против нивно усмртување, нудејќи хумани решенија за проблемот. Тоа своевремено го ветуваше и градоначалникот Петре Шилегов во предизборната програма за локалните избори со слоганот „Вардариште е минато“.

Целата анализа на ПРИЗМА.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет