Влада: Уставен да не ја прифати иницијативата за избегнување одговорност на функционерите гонети од СЈО

Објавено на 16.10.2018 во 20:02:00 часот | Македонија

Владата донесе одлука да му предложи на Уставниот суд да не ја прифати иницијативата поднесена од Еленко Миланов од Скопје, доставена до Уставниот суд на за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 196  членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

– Владата му предложи на Уставниот суд да не ја прифати иницијативата, со цел да се оневозможи избегнување одговорност за сторени кривични дела од страна на високи функционери за кои се води постапка од страна на Специјалното јавно обвинителство – стои во соопштението.

Станува збор за екс премиерот Никола Груевски и други поранешни функционери кои се обвинети за злоупотреба на службената положба.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет