ГДУ: Време за губење нема. Мицкоски и Заев како што тргнале ќе ја турнат Република Македонија во бездна. Доста е со партиски препукувања. Левицата и десницата да формираат заедничка влада, по германски модел

Објавено на 16.10.2018 во 23:06:37 часот | Македонија

Време за губење нема. Мицкоски и Заев како што тргнале ќе ја турнат Република Македонија во бездна. Доста е со партиски препукувања. Лидерите да се соочат со ситуацијата во која се наоѓаме и да се договорат или ќе ги изгласаат уставните измени или ќе одиме на избори. ЕУ чека да покажеме напредок во реформите. Европската комисија одблиску следи дали ние нешто работиме, ама очигледно ние само ловиме политички поени, реагираат од Граѓанско-демократската унија (ГДУ).

–  Мора да се сконцентрираме на судските реформи и активната истрага,прогон и конечни пресуди за случаите на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво. Се следат и реформите во безбедносните и разузнавачките служби и тука не смее да направиме никаков кикс, а под итно мора да стартуваме и со реформирање на јавната администрација. До јуни мора да ги испорачаме резултати во овие три области – велат од партјата.

ГДУ предлага решение по германскиот модел, левицата и десницата да формираат заедничка влада во интерес на земјата и реформите кои следат. Само Влада подржана од широко парламентарно мнозинство, нагасуваат од партијата може да ги отвори европските перспективи за земјата.

– Неопходна е промена на изборниот модел, една изборна единица и отворени листи. Паралелно да го прочистиме Избирачкиот список. По промената на изборниот модел, прочистување на списокот, имплементирање на договорот може да одиме на предвремни парламентарни избори, кои би се одржале заедно со претседателските. Суетите се лош сојузник во овие тешки моменти за земјата – велат од ГДУ.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет