ЕКС ПРЕМИЕРОТ НА БРИТАНИЈА, ЏОН МЕЈЏОР: Брегзит беше колосална грешка која ќе и наштети и на Британија и на Европа, и тие кои го помогнаа, историјата никогаш нема да им прости за тоа!

Објавено на 17.10.2018 во 00:48:33 часот | Свет

- ЕУ знае да биде фрустрирачка, но можностите се многу поголеми од недостатоците. Со помош на ЕУ, Британија можеше да има меѓународен досег и сила рамна на времето кога бевме светска империја. Сега ќе бидеме средно голема земја со ограничени можности. Пред 70 години речиси сами ја браневме Европа од ропство, сега сами одбравме да се дистанцираме од неа.

Брегзит беше колосална грешка која ќе и наштети и на Британија и на Европа. Ова се случи по кампања која беше нечесна полна со лаги и фантазии. Кампања која ги убеди сиромашните да гласаат за да бидат уште посиромашни.

Сега, со тек на време, Брегзит ќе се одрази негативно не само по нашиот стандард на живеење, туку дури може и да ја распадне Британија. Овие кои го направија Брегзит, историјата никогаш нема да им го прости!

ЕУ можеби ќе се распадне затоа што Британија нема да биде таму за да биде бафер меѓу моќната локомотива Франција-Германија и помалите земји. Можеби се повеќе ќе победат протекционистичките левичарски утопистички политики и идеи кои ќе ја упропастат Европа.

Е сега Брегзитерите ќе речат, епа што ни е гајле, ние веќе не сме во ЕУ, тоа е туѓ проблем, но тие забораваат дека ЕУ и Британија се блиску поврзани, економски, културно и воено, ако ЕУ е во криза, и Британија ќе биде во криза, тоа е толку просто и логично.

Екс премиерот на Британија од кампот на конзервативците, Џон Мејџор.

Линк до неговиот фантастичен говор, овде.

 

 

* реклами:

 

 

Свет

Македонија