ТРАМП СМЕШНО СЕ ОБИДУВА ДА ГО СПАСИ ОБРАЗОТ НА САУДИСКИОТ КРАЛ, НО НОВИНАРИТЕ ОТКРИЈА ДЕКА ЧЕТВОРИЦАТА УБИЈЦИ НА НОВИНАРОТ КЕШОГИ СЕ ЛИЧНИ БОДИГАРДИ НА ДИКТАТОРОТ!

Објавено на 17.10.2018 во 01:14:37 часот | Свет

Трамп го прати министерот за надворешни, Мајк Помпео во Ријад за да проба нешто да спаси од образот на откачениот саудиски диктатор кој додека води срамна војна со Јемен каде се заканува невидена хуманитарна катастрова и откако не успеа да го окупира Катар по една година блокада, реши да убие критички новинар во сред Турција и да го врати дома во вреќа, исечен на парчиња.

Пред тоа зема цела своја фамилија, над 100 принцови ги затвори во хотелот Риц Карлтон во Ријад каде ги држеше цел месец заробени, наводно поради истрага за корупција, што е будалаштина, они живеат и се бањаат во злато и дијаманти, кој има потреба од корупција...

Трамп денеска се обиде малку да го спаси од светска брука и твитна дека кралот Салмуд нарачал темелна истрага за убиството во Саудискиот конзулат во Истанбул и дека му пренел дека не знае ништо за убиството, но новинарите во Турција открија дека четворицата осомничени егзекутори се лични бодигарди на саудискиот принц.

Ова убиство ќе влезе во историјата за најдрзок начин на државен тероризам, има филмови и филмови да се снимаат за оваа будалаштина на овој моќен диктатор кој управува со светскиот пазар на нафта и мора сите да го пазат иако е тотално одлепен, нов Садам Хусеин.

 

 

* реклами:

 

 

Свет

Македонија