СПАСОВ: Што да каже човек за водството на ВМРО ДПМНЕ? Овие живеат во паралелен универзум.

Објавено на 18.10.2018 во 14:49:54 часот | Македонија

"Трета генерација" политичари

Јанушев и Мицковски биле "трета односно нова генерација политичари во ВМРО и не можеле да одговараат за тоа, зошто додека ВМРО било 11 години на власт не постигнале подобар договор со Грција од сегашниот. Тие во изминатите 11 години биле веројатно на Марс.

Не ги интересираат пораките од Вес Мичел и од Хан бидејќи истовремено вели Јанушев, Влатко Ѓорчев разговарал со "највисокото раководство"на САД а Александар Николовски разговарал со лидери наЕУ.

Тие како нова генерација на политичари на ВМРО ќе постигнеле подобар договор со Грција бидејќи нема да дозволеле да се потпише договор на штета на македонските национални интереси како тоа што го направила сегашната влада.

Што да каже човек? Овие живеат во паралелен универзум.

Ниту слушаат. Ниту гледаат што се случува.

А наакани се со самобендисаност и со ароганција во стилот "колку е главата попразна, толку е побезобразна.

Со нив не вреди да се разговара. Треба да се остават сами да си ги раскажуваат глупостите меѓу себе.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет