Заев: Драго ми е што луѓето излегуваат од притвор, јас секогаш сум бил против таа мерка која сум ја сметал за пре строга!

Објавено на 18.10.2018 во 15:18:16 часот | Македонија

Заедно со премиерот Алексис Ципрас остануваме целосно посветени на перспективите на новиот Балкан на 21 век. Балкан во кој ќе се гради пријателство, во кој ќе се унапредува соработката, каде што ќе придонесуваме за подобар економски раст и раст на нашите земји, на посреќни граѓани и секако на зголемена трговија, нови инвестиции и подобар економски стандард на граѓаните и на Македонија и на Грција, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот телефонски разговор со својот грчки колега и по оставката на министерот за надврешни работи, Коѕијас. Заев денеска присуствуваше на одбележување на 20-годишнината од постоењето на Штедилницата „ФУЛМ“, во неговото родно МУртино.

Премиерот додаде дека неговиот грчки колега го информирал за случувањата кај нив и дека тој останува посветен на договореното и дека је презема и функцијата министер за надворешни работи со цел и гаранција дека ќе се реализира Договорот од Преспа.

-Јас сум среќен заради целосната посветеност на Република Грција кон овој договор. Можам да ја потврдам и нашата целосна посветеност. Негувам надеж дека утре парламентот ќе собере сили, дека пратениците ќе се одважат и охрабрат, затоа што, пред се, се претставници на граѓаните, а потоа на политчките партии и ќе се исправат пред историската одговорност, пред оваа непропустлива шанса за Македонија. Конечно да дадат пас за потврдување на потребата за отварање на уставни промени, рече премиерот Зоран Заев.

На новинарско прашање дали не се откажува од мнозинство и како ќе успее да го обезбеди, претседателот на македонската влада рече дека е верник и дека некогаш чуда се случуваат.

-Дебатата е отворена и навистина прифативме многу иницијативи кои дојдоа од пратениците. Јас сум подготвен и понатаму да разговарам за иницијативите од самите пратеници во функција на тоа што е произлезено како дополнителна грижа од преговарачкиот процес, од прогласувањето на договорот, од кампањата за референдумот, а тоа е да најдеме начин да го зацврстиме иднтитетот, да го потврдиме јазикот, да го гарантираме тоа што го правиме дека ќе биде исполнето од  грчка страна, да ја гарантираме европската иднина на Македонија и се со една цел заедно ова да го направиме, оти си личи заедно, одговори премиерот Заев.

Запрашан за помирувањето и дали неговиот глас допре до Кривичниот совет кој укина мерки на претпазливот кон обвинети за настаните од 27 април, премиерот Заев одговори дека разговарал со Министерството за правда за да праша дали е тоа поради неговиот повик за помирување  или поради нешто друго.

– Дефинтивно луѓето си имаат обезбедено гаранција и откако ги поднеле во оваа фаза на процесот судот одлучил да ги прифати. Не ги знам ставовите на обвинителството и судовите, но мене ми е драго луѓето што излегуваат од притвор. Зошто? Бидејќи мојот апел отсекогаш бил притворот да не биде мерка за да се обезбеди присуство на судењето. Премногу притвори видовме во Република Македонија во минатото. Јас верувам дека треба да се посегнува и по други, олеснителни мерки и драго ми  да дебатираме сите во парламентот. Тоа ќе биде уште подобро гледано од историски аспект за Македонија да присуствуваат и сите пратеници и да обебедиме двотретинско мнозинство во парламентот, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет