САМО ЗАЕВ Е ЛЕКОТ ЗА ОВАА БАЛКАНСКА ВУКОЈЕБИНА!!!

Објавено на 20.10.2018 во 12:28:25 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Да, Заев не е софистициран како Стево Пендаровски, нити утопист како Петар Гошев, нити арогантен како Бранко Црвенковски, нити државнички и митски воздигнат како Киро Глигоров, нити пак поетски и национално речит како Љубчо Георгиевски, но сепак има шест многу важни карактеристики - храбар, разумен, итар, упорен, прагматичен со челични нерви!!!

Со други зборови, тој е европски балканец со јаки живци, голема визија и големи тестиси!

И само тоа е лекот за вакви вукојебини како Македоња!

Ако си како идеалист Петар Гошев сите ќе ти рогнат нож во грб и ќе ги изгубиш сите политички битки!

Ако си како Бранко Црвенковски, од ароганција и умисленост нема да повлечеш многу ризични потези од страв дека ќе ти падне капата.

Ако си вреден, упорен но лопов како Грујо се ќе покрадеш и ќе ја уништиш земјата.

Најмногу сличности Заев има, иронично, токму со Љубчо, и тоа овој сега Љубчо, не оној националистот од 2001-ва. Иако сепак има разлики, Љубчо некако беше премногу мек спрема криминалците. Некои велат и самиот многу му лепеше рачето.

Но Љубчо беше прагматичен и сакаше земјата да оди напред и имаше и храброст.

Заев таа храброст ја има надградено, со работливоста на Грујо, со визијата на Бранко и Киро, и со итроштината на Стојан Андов која по малку ја имаа сите и која е нужна за еден балкански лидер, освен Перо Гошев, он беше опериран од таа политичка балканска итрост, повеќе беше некој скандинавец кој испаднал од авион кога летал над Македонија.

Заев ја има снаодливоста во политиката на Ѕинго и Амди Бајрам, но тоа некако кренато на многу повисоко ниво, и свртено не кон себе, туку снаодливост во корист на државата, народот, иднината.

Повеќе од се, Заев има капацитет да издржи ќотек, и физички и политички, не се срами да се повлече кога тоа ќе е потребно за државата, се извинува на лидери од соседството, прв пат на Вучиќ за изјава во интервју, втор пат кон Борисов, исто така поради изјава во интервју, да, тоа е неговата најголема слабост, гафовите во интервјуа и говори, но никој не е совршен.

Челичните живци се многу важни, имаше толку моменти досега, што нормален човек со нормални нерви ќе кренеше раце од се, особено ако е многу богат и може да се вози на јахта во медитеранот или да скија каде ќе посака, како што е случајот со Заев.

Заев знае и да биде корисен лицемер, да глуми лудило, како оние средби со рускиот амбасадор или со Геро на роденденот на Слободен Печат, иако сите знаеме дека тоа се смртни непријатели, но сите глумат лудило, а Заев добро знае да глуми лудило, тоа е дел од високата политика и дипломатијата.

Но она што е негов најголем адут е оптимизмот дури и во моменти кога се чини дека се е отидено во три лепе пизде материне.

Ми раскажуваа клучни луѓе во сегашната власт, како многу пати и на Бихачка а и сега во влада на моменти владеела тотална паника и збунка, и штом Заев ќе се појавел и ќе земел збор, на сите им се враќала смиреноста, оптимизмот, еланот за работа, храброста, креативноста. 

Можеби тоа е неговата најголема моќ, да зрачи со оптимизам и сигурност, нешто што како мали го баравме кај нашите родители, за во таа закрила да креираме големи успеси уште од мали, за да се градиме и бориме со предизвиците кои ни ги пружа животот.

Можеби Заев е тој татко на нацијата кој сите ќе не изведе на прав пат, и како држава и како народ! Притоа со многу тешки моменти, многу упорност, пимплање, некогаш и со мајагери дирек у рогови, што би рекол кум Ставре.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија