ИАКО СЕ ПРЕСТАВУВААТ КАКО НЕРАЗБРАНИ СПАСИТЕЛИ, МИЛЕНКО И МИРКА СЕ ВИСТИНСКИТЕ ГРОБАРИ НА ВМРО ДПМНЕ И ГРУЕВИЗМОТ!!!

Објавено на 20.10.2018 во 13:25:57 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


АКо ги погледнете советите што со години ги дава тандемот Миленко - Мирка, на прва за простиот ВМРОН тие совети се добронамерни и корисни, но за искусните аналитичари, токму тие совети го закопаа ВМРО ДПМНЕ за век и веков.

Што советуваа Мирка и Миленко? Вртење кон Русија, уште пожестока диктатура и затвор па и физичка елиминација на опозицијата и критичарите на режимот, поради наводно државно и национално предавство, жестока пресметка со Албанците и Муслиманите, уште поголема радикализација на односот кон соседите, забрана и прогон за ЛГБТ луѓето, раскин на односите на ВМРО ДПМНЕ со малите партии како разни ромски, торбешки, турски, и пајтон партии затоа што тоа демек било ризикување од политичко предавство...

И ова вака звучи убаво на хартија, звучи моќно и силно и некако светомудро, но во основа ова се се совети какви што СДСМ би посакало ВМРО ДПМНЕ да ги послуша. И за чудо, ВМРО ДПМНЕ ги послуша!

Зошто го послуша и зошто се тие штетни?

Одговорот на првото прашање е лесен, Миленко и Мирка јаваа на славата и моќта која им се подаруваше со милиони евра за спектакуларни емисии и емитување во ударни термини со користење на жесток националистички популистички речник, па нивните емисии и колумни се многу гледани и читани во десниот камп.

Со тоа, Мирка и Миленко го креираат јавното мислење во десниот камп, со што ВМРО ДПМНЕ беше ставено пред свршен чин да мора да го следи мислењето на својата база, во спротивно ќе имаа пад на рејтингот и не дај боже кревање на рејтингот на Јанко Бачев, кој делува баш по препораките на Мирка и Миленко, со све посети на Москва, предлагање сојуз со Русија, со се све!

Одговорот пак на второто прашање, зошто предлозите на Мирка и Миленко се штетни за ВМРО ДПМНЕ, ги сметам за многу логични и очигледни и излишни, но поради тоа што можеби оваа колумна ќе ја чита некој ВМРОН, сепак ќе мора да објаснам:

- Предлогот ВМРО ДПМНЕ да се дистанцира од западот и да се сврти кон Русија, за ВМРО ДПМНЕ е совет за политичко самоубиство и тоа свирепо самоубиство, рипање во машина за мелење месо итн...

- Предлогот ВМРО ДПМНЕ да се пресмета со Албанците и Муслиманите во земјава, е исто така совет за политичко свирепо самоубоство за ВМРО ДПМНЕ, затоа што западот пред се, дури и пред демократијата, инсистира на безбедноста на балканот, војни не доаѓаат во предвид, скапи се, и финансиски и човечки...

- Предлогот ВМРО ДПМНЕ да се дистанцира од малите партии на малцинствата и на разните пајтон партии е совет за политичка изолација на ВМРО ДПМНЕ, вака или така, малите партии носат со себе околу 50 до 100 000 гласови, и токму тие се тие кои одличуваат кој ќе победи на изборите.

- Предлогот ВМРО ДПМНЕ да владеел уште подиктаторски е исто така лош предлог, ВМРО ДПМНЕ и онака важеше за диктаторска партија, па уште и голо апсење на десетици критички политичари и новинари со се физичка елиминација ќе беше погубно за партијата. Лесно му е на Путин и на Ердоган да играат тврдо на својата политичка сцена, Русија има нафта, гас и руда на површина која е пола од земјината топка, додека Турција е исто региоанална велесила, клична во тој пеколен среден исток, но ние сме мало парче вукојебина, и со такво Путинско понашање, Грујо само ќе си го забрзаше својот пад, на крај и така испадна...

- Предлогот ВМРО ДПМНЕ да владеел така што ќе се заострел односот со нашите соседи е смешен предлог, односот со соседите е клучен и за интегративниот процес но и за економијата, ако имаш ти затворени граници и тензии со соседите, никој жив нема да инвестира во земјава, а и тие фирми што постојат ќе рикнат, и на крај пак народот ќе гладува, а тоа не е добро за никоја власт, па макар била и режим. 

Инаку не само со своите луди штетни предлози, Миленко го помогна падот на ВМРО ДПМНЕ и Груевизмот со својата лудачка гнасна реторика, која многумина му ја лепеа на ВМРО ДПМНЕ и го сметаа за официјален став на партијата, па така неговите изјави за тоа дека Албанците се диво племе, дека Муслиманите ги множи со нула, кршењето на плочата на Кајмакчалан, повикот на Џес Бејли да му се деси Бенгази (настан кога ИСИС уби американски амбасадор во Либија) и слични испади, му донесе многу омраза на ВМРО ДПМНЕ кај Албанците, кај Турците, кај Бугарите и кај странците, иако ВМРО ДПМНЕ сепак имаше каков таков добар однос со овие важни групи ако сакаш да владееш со Македоња. На крај, на ВМРО ДПМНЕ му останаа само Србите како сојузници, а тоа е доволно во република Српска или во Чачак, но не и во Македонија, оваа денес.

Останува мистеријата, дали Миленко и Мирка ова го правеа свесно или несвесно?!?!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија