ЧОМ ЌЕ ЈА УНИШТИ 1 ТВ, АЦО КАБРАНОВ ДА РЕАГИРА ДОДЕКА Е ВРЕМЕ!

Објавено на 21.10.2018 во 13:27:31 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Македонија е комична држава, особено во медиумската сцена.

Да го поканиш Филип Петровски и да му дадеш простор и прашања небаре е он некаков борец за правда, патриота и да не го прашаш зошто 10 години беше првенец на режимот, зошто молчеше за криминалот кога запукаа бомбите, зошто учествуваше во 27-ми април и зошто повикува на нов 27-ми април?!

Каде му е одговорноста, што ако има граѓанска војна?!

Зошто се бори за пропаст на договорот со Грција, од што ќе живееме како народ, економијата ќе рикне, без НАТО ќе се распаднеме, има промена на граници во соседство, Албанците ќе се кренат, пак ли војна ќе водиме како во 2001-ва?!

Како може без тие тешки прашања, да се пушти во програма еден барабам, еден политички деликвент и терорист, и неговите пораки да отидат во етер без да се соочат со тешките прашања за реалноста и одговорноста?!

Разбрав дека тоа било идеја на Чомовски. Мислам дека овој човек ако продолжи вака ќе нанесе голема штета и на телевизијата и на земјата.

Не смееме да го кооптираме и нормализираме злото, само за гол рејтинг, нека има рејтинг но нека има и борба за вистина, борба на доброто и злото, борба за одговорност, за разбивање на фејк њуз и фејк наратива, теории на заговор и слично.

Ало Кабранов, спасете ја 1 ТВ додека можете, Чом ќе ја сјебе тоталка ако продужи вака!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија