ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: ГИ ЗАМОЛУВАМ УРЕДНИЦИТЕ НА МЕДИУМИТЕ, АМАН НАПРАВЕТЕ МЕДИСКА ДЕКОНТАМИНАЦИЈА ОД КУРТОНИ И ФАШИСТИ!!!

Објавено на 21.10.2018 во 19:05:51 часот | Македонија

Branko Trickovski
2 mins · 
 
Медиумска деконтаминација

Пишува: Бранко Тричковски

Ги повикувам сите уредници, новинари, директори и сопственици на електронските и печатени медиуми, вклучително и на интернетските портали и влијателни профили на социјалните мрежи, на состанок на кој ќе ги утврдиме основните принципи на деконтаминацијата на јавниот простор и ќе постулираме нови културни стандарди. 

Ќе имаме многу што да си кажеме, но најмногу внимание ќе треба да посветиме на темата како да останеме верни на демократските принципи дека сите страни во општествената расправа имаат право на гласност и дека секој има право на мислење и на јавно изнесување на своето мислење, утврдувајки ги притоа стандардите кои ќе ни овозможат да ги препознаеме злосторниците, простаците, глупаците, лудаците кои маскирани во демократското руво на нацијата и се закануваат да ја сотрат морално, политички културно, секако. Како да ја протераме стоката од јавниот простор, а тоа да биде афирмација на демократските принципи, а не нивно девастирање.

Како да ја реструктурираме програмската шема и кадровската структура во медиумите како елементи кои се длабоко одговорни за кретенизацијата на општеството, а да не влеземе во зоната на цензури и пресметки. Како да ги препознаеме свесните и систематски обиди, партиски и индивидуални, да се држи културното ниво на општеството на најниско можно ниво за да може полесно да се манипулира и управува.

Едно е сигурно: медиумите во Македонија се претворени во радиоактивни центри за загадување на општеството. И тука се нужни радикални промени многу над нивото за кое досега се расправаше на јавната сцена. Медиумите не се само жртва тие се фактор на злосторничкиот потфат против нормалноста во Македонија. 

Порадноноснувањето на јавната сцена, дезелитизацијата на културата, достапноста на јавната презентација за секоја будала, мора да се смени со враќање на улогата на мериторноста, вистинската интелектуална, политичка и културна елита која ќе го повведе народот напред односно ќе се обиде да го ослободи од неговата страст да оди назад и кон дното.

Никовски, Каракамишева, Ванковска, Грчева, Силјановска, Јанушев, Мицковски, Груевски, Милошоски, Ѓорчев, Стефче, баба му на Стефчета, Филип, Пандов, Андонов, Сотир или, пак, глупавите соопштенија на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, ќе можат, во новите концепти да се јават на малите екрани и во другите форми само по повод заминувањето од овој свет. Сите таканаречени контактни емисии се укинуваат промотно. Се преиспитува концептот на таканаречените дебатни емисии чиј број, содржина и форма, е неподносливо хипертрофиран во однос на моќта на општеството да емитира нови значења за кои ќе се дебатира. Евентуалните финансиски дисбаланси што може да ги донесат нивите решенија можат да се дискутираат со владата.

Организацијата на состанокот им ја препуштам на Здружението на новинарите на Македонија и на други субјекти кои ќе се најдат повикани во рамките на заложбите што тука сосема стегнато се изложени.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет