ЛОКАЛНИ МАНГУПИ ВО ШТИП ПРОБАЛЕ ДА ГО ПРОВОЦИРААТ РОБИ ТЕЛЕКАБЕЛ, ПРЕТЕПАЛЕ ДЕЧКО НА НЕГОВА ВНУКА, ПОТОА ФРЛАЛЕ СО ФЛАШИ ПО НЕГОВАТА КОЛА И ГО ПЦУЕЛЕ ВО ДИСКОТЕКИ

Објавено на 21.10.2018 во 22:04:06 часот | Македонија

Вест која се прошири на порталите гласи вака:

Роберт Димитров, сопственикот на Телекабел и 24 Вести, ноќеска во дискотеката „Клик“ во Штип го нападнал и претепал сопственикот на кафичот „Илужан“, Ацо Панов. При тоа, во нападот му се придружиле сите од неговото друштво, вклучувајќи го и борачот Жарко Коцев, кој пред една недела излегол од затвор.

Ацо Панов во моментов е хоспитализиран на Хируршкото одделение во Клиничката болница во Штип. Ова го потврдија од болницата, од каде добивме информација дека по примемот на Панов, кој имал повреди на главата, интервенирал неврохирург и е задржан на понатамошно лекување.

– Пациентот е шиен на главата со триесетина конци, ни потврди доктор Мики Лазаров. Инцидентот го потврдуваат и од полицијата, но засега не даваат детали додека не заврши истрагата во која е вклучено и Основното јавно обвинителство.

– Во моментот од страна на полицијата и надлежен обвинител се сослушуваат учесниците. Со информации од кривично – правниот настан ќе излеземе утре, изјави Гордана Панајотова, портпаролка на СВР Штип.


Го контактиравме вечерва сопственикот на Телекабел, Роберт Димитров и го прашавме за што станува збор, дали се точни овие написи за него по порталите.

- Да точно е дека имаше инцидент, поточно тепачка, но искрено, не знам кој кого удри, знам дека беше гужва и тепачка од кој подебелиот крај го извлекоа провокаторите. Се работи за едни млади дечки кои со месеци ме малтретираат мене и моето семејство, не знам кој им дал сила за такво нешто, се мислат дека се семоќни, дека никој ништо не им може, нити полиција нити судство. Главниот од нив сега требаше да биде во затвор за друг инцидент, но Иванов го помилува под чудни околности, најверојатно си платил за тоа.

Искрено изненаден сум од тоа, не очекував некој мене да ме малтретира особено не сега кога падна режимот на Груевски. Пред еден месец крвнични ги претепаа дечкото на мојата внука од сестра, при што му скршиле заби, и потоа тотално го демолирале неговото возило, внуката за малку се спасила да не биде повредена. Потоа каде и да ме сретнеа фрлаа со флаши по мене, а пак кога ќе се сретнеме ме пцујат и ме навредуваат.

Да се чудиш што им е на дечките, како да им е предизвик да се закачаат со мене, како да немаат попаметна работа. Јас како што ме дал господ, па не сум тип кој ќе трпи некој да го гази, едноставно не сум таков, и секој што ќе проба со мене да игра прљаво и насилнички да не мисли дека ќе му седам со спуштени раце и ќе го молам на колена, ја не сум таков, да бев таков немаше да догурам таму каде што сега сум, и тоа е тоа. Во животот некогаш мораш да се браниш од насилници, да не мисли некој дека ќе ме исплаши од дома да не излегувам или пак да ми забрани каде можам да се движам, тоа некој може само да сонува.

Инаку не сум само јас жртва на овие барани, цел Штип плаче од нив, само на мене налетаа на преголем залак за нив. Апелирам МВР да преземе нешто и да ги скроти малце овие млади петли. 

Инаку за инцидентот од пред еден месец кога беше претепан дечкото на внуката на Димитров, сеуште се води истрага:

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет