АРМ СЕ СПРЕМА ЗА НАТО: Објавен тендер за набавка на 82 возила, повеќето теренски, минибуси, автобуси...

Објавено на 22.10.2018 во 17:30:05 часот | Македонија

Министерството за одбрана – сектор за логистика распиша оглас за набавка на 82 неборбени моторни возила.

Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 211.864.406 денари или околу 3,4 милиони евра.

Во огласот се бара понуда за 1 автобус, 11 товарни моторни возила фургон со носивост минимум 750 килограми, 5 товарни моторни возила фургон со носивост минимум 1.300 килограми, 10 патнички моторни возила,11 возила – комбибус, 20 теренски моторни возила со носивост од 1,5 т. и 24 теренски моторни возило со носивост од 4 т.

Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет