ШЕФОТ НА АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА СЕ ИЗВИНУВА ЗА ГУЖВАТА ПРЕД СТАРТОТ НА КОНЦЕРТОТ НА 2 CELLOS

Објавено на 22.10.2018 во 17:41:25 часот | Македонија

Кратко и јасно- извинете.

Една од најголемите доблести во животот е да се извиниш кога грешиш и имаш грижа на совест дека не си успеал да направиш нешто подобро од стореното.
Лично сметам дека уште поглема доблест е да се извиниш кога не си виновен, ако со тоа извинување целосно ја преземаш вината врз себе.

Да бидеме реални, ние немаме инфраструктура за Авалон Продукција во Скопје да биде способна да прави вакви концерти. Под инфраструктура не се подразбира само квалитетот на салата, туку и приодите, паркинзите, патиштата кои водат до таму и слично.
Во секој град во Западна Европа во кој се прават вакви концерти статистиката покажува дека 90 проценти од посетителите користат метро за доаѓање до локацијата на концертот. 

За да не прерасне ова соопштение во краток расказ, сега ќе бидам конкретен.

1. Вратите на ВИП Арената на концертот кој беше закажан во 21 часот беа отворени во точно 19 и 30. 
2. 90 проценти од вчерашните посетители одеднаш дојдоа во 20:30 - 20:45 часот, по стариот добар обичај, што е невозможно да се хостира со физичките влезови со кои салата располага.
3. Паркингот на којшто легитимно треба да се обидете да се паркирате со вашите возила е претворен во скопски саем- треба ли и за ова ние да сносиме одговорност?
4. Купи Карти За Се, до скоро нашиот единствен и официјален тикет сервис ( кој за среќа од Tom Odell, Lenny Kravitz и Eros Ramazotti повеќе нема да биде) направи сe’ што може да го отежни овој концерт. Им падна системот, менуваа карти, имаше дупли карти, менуваа ваучери и слично. 

Менувањето на ваучери е стриктно полиса на Купи Карти За Се што ќе престане со овој концерт, земајќи предвид дека Авалон создаде свој тикет сервис на avalon.mk

Во овие 4 точки лежи вистината за навистина неподносливите гужви на влезот на вчернашниот концерт.
Најљубезно молам секој од вас да размисли дали себеси се пронаоѓа во некоја од овие точки и дали е реално 8 илјади луѓе да дојдат и да влезат во еден момент на рок концерт. како да влегуваат во опера.

Целата одговорност ја преземам јас и не сакам моите луѓе, кои крваво работат во тотално аматерски услови (а се работи за истите луѓе кои го правеа концертот на Амy во Белград, Iron Maiden во Белград, концертие на Simply Red во Загреб и Белград, без ниту еден ваков логистички проблем) да ги накривите за било што.

Со почит и ветување дека и понатаму ќе се обидуваме да продолжиме да правиме чуда,

Бобан Милошески
Авалон Продукција

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет