БОГОВИТЕ ГО ПОЧАСТИЈА ЗАЕВ ЗА СИТЕ МАКИ ДОСЕГА: ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ ЈА ВОДИ ВМРО ДПМНЕ КАКО ДА ЗАЕВ ГО НАРАЧАЛ ПРЕКУ АЛИ ЕКСПРЕС!!!

Објавено на 23.10.2018 во 22:02:06 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Однесувањето на Мицко е лошо за Македонија, али е како нарачано од боговите за СДСМ!!!

Со ваква анти западна анти албанска анти европска анти американска анти напредна про шешељовска про руска про српска анти цивилизациска про мафијашка про насилничка ултра националистичка анти грчка анти бугарска политика е како нарачана од Заев, како боговите да решиле да го частат Заев за маките и лузните од 27-ми април!

Заев и онака имаше 10 години власт пред себе, но Мицко со последните свои потези, тие 10 години власт на Заев му ги завери кај нотар, и тоа од оние добрите, што се на плоштадот во Скопје.

Од сите можни потези што можеше да ги одигра, Мицко ги одигра апсолутно најлошите, значи оние кои ни луд ни мрднат ни пијан не можеше да ги одигра. Просто е неверојатно како можеше толку да е анти талент за политика, но и како тие околу него, пред се Трајко Славевски, Влатче Ѓорчев, Александар Николовски, Антољо Милошоски и други ропаци и копуци не разбираат и не гледаат каде им оди партијата, просто да се чудиш?!?!

Каде мислат дека ќе дотераат вака ВМРО-вциве? Мислат ли дека вака ќе се вратат на власт?! Со кочење на секој можен чекор на земјата кон ЕУ и НАТО?

Со ситно политиканство, со патетика, со националистичка реторика, со избегнување да признаат дека лошо владееле, зарем мислат дека само со исклучувањето на Сашо Мијалков се очистиле, се испрале од гревовите?!

Они веројатно си мислат дека народот ќе ги сака уште повеќе, може премногу дремат на фб профилот на Миленко и на неговиот портал Дудинка, но најцрните сценарија за ВМРО ДПМНЕ се остваруваат дури сега кога таа требаше да се препороди и реформира и американизира и европеизира, значи таа партија се повеќе наликува на партијата на Јанко Бачев?!?!

Значи Мицко сам од ВМРО ДПМНЕ направи каца со фекалии?!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија