САМИТОТ ВО ИСТАНБУЛ ДАДЕ РЕЗУЛТАТИ: Заедничка декларација на Ердоган, Путин, Меркел и Макрон по Самитот за Сирија во Истанбул

Објавено на 28.10.2018 во 11:11:15 часот | Свет

ИСТАНБУЛ (АА) - Ва заедничката декларација објавена по четирилатералниот самит за Сирија во Истанбул, лидерите на Турција, Русија, Франција и Германија укажаа на потребата од продолжување на борбата против тероризмот, како и на важноста за постигнување постојано примирје во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател, Емануел Макрон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, по четирилатералниот самит за Сирија кој се одржа во Резиденцијата Вахдетин во Истанбул, објавија заедничка декларација.

Во декларацијата се вели дека за време на четирилатералниот самит е разговарано за последните случувања во кризата во Сирија, и изразена е заедичка вознемиреност против ризиците и заканите врз регионалната и глобалната безбедност и стабилност, кои произлегуваат од кризата во Сирија.

Лидерите ја потврдија нивната силна посветеност кон сувереноста, независноста, единството и територијалниот интегритет на Сирија, како и кон целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации (ОН).

Тие истакнаа дека силно веруваат во тоа дека не може да се донесе воено решение за постоечката криза, и дека може да се стави крај на кризата само преку политички процес во согласност со резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН, и дека во овие рамки, важно е да се зголеми координацијата меѓу сите меѓународни иницијативи кои имаат за цел да дадат придонес во наоѓање едно одржливо решение во Сирија.

„Потврдена е решителноста во борбата против тероризмот со цел целосно елиминирање на сите индивидуи, групи, иницијативи, формации и други терористички групи кои се поврзани со ДЕАШ, фронтот Нусра, Ал Каеда или ДЕАШ, кои се дефинирани како терористичка организација од страна на Советот за безбедност на ОН. Тие изразија решителност за одбивање на сепаратистичките агенди кои имаат за цел да им наштетат на сувереноста и територијалниот интегритет на Сирија, како и на националната безбедност на соседните земји. Го поздравија Меморандумот за стабилизирање на ситуацијата во зоната за деескалација во Идлиб, потпишан на 17 септември 2018 година во Сочи меѓу Република Турција и Руската Федерација. Го поздравија постигнатиот напредок во повлекување на тешкото оружје и радикалните групи од разоружената зона обезбедена во согласност со Меморандумот“, се вели во декларацијата.

- Укажана важност за одржливо примирје

Четирите лидери нагласија дека е потребно да се продолжи борбата против тероризмот и укажаа на важноста на постигнување постојано примирје во Сирија, и целосно спроведување на ефективните мерки предвидени во Меморандумот.

Лидерите на Турција, Русија, Франција и Германија потврдија дека се максимално против користење на хемиски оружја од страна на било кого во Сирија и упатија апел до сите страни за целосно почитување на тоа.

Исто така, тие изразија поддршка за еден сеопфатен политички процес предводен од Сиријците и олеснет од ОН, а исто така упатија апел до сириските страни за активно учество во овој процес.

Тие упатија апел до крајот на годината да се состанат за формирање на уставен комитет во Женева, на тој начин да се создадат услови за сеопфатни избори во Сирија.

Лидерите изразија поддршка ослободување на киднапираните лица, предавање на трупите жртвите, и детектирање на лицата кои се водат како исчезнати.

Од друга страна лидерите на четирите земји учесници на самитот за Сирија во Истанбул укажаа на потребата на овозможување брз, безбеден и непрекинат пристап за хуманитарните организации ширум Сирија, и потребата са доставување итна хуманитарна помош до сите кои имаат потреба со цел олеснување на болката на сирискиот народ.

Во овие рамки, тие упатија апел до меѓународната заедница, пред се до ОН и хуманитарните организации при ОН да ја зголемат помошта за Сирија.

Лидерите укажаа на важноста од создавање потребни услови ширум земјата за бегалците и лицата раселени од нивните места да се вратат на безбеден и доброволен начин во тие места каде живееле во Сирија.

Тие подвлекоа дека потребно лицата кои ќе се вратат, да бидат заштитени од оружен конфликт, од политички притисок и арбитрарни приведувања, вклучувајќи ја и хуманитарната инфраструктура како вода, електрична енергија, и социјални услуги.

Лидерите укажаа на потребата од координација меѓу сите надлежни страни, вклучувајќи ги и Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), како и други меѓународни експертни организации.

Четирите лидери изразија посветеност за заедничко работење во насока на обезбедување потребни услови за мирот и стабилноста во Сирија, и за поттикнување на политичко решение.

Макрон, Меркел и Путин упатија искрена благодарност до турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за реализирање на четирилатералниот самит во Истанбул.

 

 

 

* реклами:

 

 

Свет

Македонија