НА ГОЛЕМАТА ЛИДЕРКА И ЗБОКТИСА ОД ПОЛИТИКА: ПО 18 ГОДИНИ НА ЧЕЛО НА ЦДУ И 13 ГОДИНИ ПРЕМИЕРКА НА МОЌНАТА ГЕРМАНИЈА, РЕШИ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ЛИДЕРСКАТА ФОТЕЉА ВО ЦДУ, ГО ТЕРА ПОСЛЕДНИОТ МАНДАТ КАКО ПРЕМИЕР КОЈ ЌЕ И ЗАВРШИ ВО 2021-ВА!

Објавено на 30.10.2018 во 02:10:28 часот | Свет

Bundestag Bundeskanzlerin Angela Merkel Abgang (Reuters/A. Schmidt)

Меркел сепак ќе остане на чело на владата до крајот на мандатот. За својата одлука таа ги информирала партиските колеги на седница на претседателството на партијата утрово. 

По два лоши резултати на изборите во покраините Баварија и Хесен во изминатиот месец, германската канцеларка Ангела Меркел се подготвува за повлекување од својата конзервативна партија. Во неделата, на изборите во покраината Хесен, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), иако победи, сепак заврши со загуба од над 10 проценти гласови во однос на претходните избори. Слични загуби забележа и сестринската партија ЦСУ на покраинските избори во Баварија на средината на месецов.

Внатрепартиски извори во ЦДУ информираат дека Меркел одлучила да не се кандидира за лидер на партијата на конгресот закажан за декември годинава. Меркел ја предводи ЦДУ од 2000 година, а во меѓувреме, веќе 13 години е на чело на владата.

Пред изборите во двете покраини, очекувањата беа дека Меркел сепак ќе се кандидира за уште еден мандат на чело на партијата. Таа претходно инсистираше дека двете функции, партиски лидер и канцелар, се неделиви една од друга.

 

 

* реклами:

 

 

Свет

Македонија