ИТАЛИЈАНСКИ НОВИНАР: Италија, Португалија и Грција ја мразеа Ангела Меркел, но сега ќе дојде време кога ќе плачат по неа!

Објавено на 31.10.2018 во 08:12:55 часот | Свет

Да, Меркел можеби згреши што реагираше предоцна за фискалната криза во Грција, и потоа со инсистирањето на штедење предизвика долга рецесија во земјата на југот од Европа.

Затоа многу Грци ја мразат, исто како што ја мразат и во Италија.

Но таа сепак направи чудо, формираше фонд за итни ситуации со кој со милијарди евра инјекции ги спаси Португалија, Грција, Шпанија, Ирска и Кипар од економски колапс. Ова е новина во Европа, вакво нешто досега никогаш немало.

Освен овој фонд кој даваше дебели позајмици, Меркел им помогна на земјите во криза со поддршката на Европската централна банка под водство на Марио Драги кој измисли нова техника да им помогне на земјите во ЕУ кои се во криза - КВАНТИТАТИВНО ОЛЕСНУВАЊЕ, кога централната банка купуваше државни обврзници од земјите во криза со што инјектираше големи суми на пари во банкарскиот сектор под многу ниски камати речиси нула, со што се откочија монетарните кризи во многу земји во ЕУ.

Затоа, ако наследниците на Меркел се решат да го укинат овој фонд, тие што сега ја мразат можеби ќе плачат по неа.

Целата сторија, овде.

 

 

* реклами:

 

 

Свет

Македонија