СИТЕ ПЛАЧЕВТЕ СО МЕСЕЦИ ЗА АКЦИЗАТА ЗА ДИЗЕЛОТ, СЕГА ПЕТРЕ САКАТЕ ДА ГО НАДЕНЕТЕ НА КОЛЕЦ?!

Објавено на 04.11.2018 во 10:54:22 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Дојде време на Петре Шилегов да му се расплака мајчето.

Дојде есента еве ја и зимата, и тоа е периодот за масовна хистерија, ајде сега сите да удриме што појако, да го изеде Петре ќотекот за сите замерки што ги имаме за СЕ, од рамковен, преку договорот од Преспа и оној со Бугарија, преку замерките за грешките на владата...

Секако, сите сега ќе бараме МАГИЈА, ќе бараме Петре Шилегов да е македонскиот Дејвид Коперфилд, све да реши со еден магичен потег!

А тоа што кога Петре и владата почнаа да спроведуваат над 50 мерки, меѓу кои и акцизата за дизелот, ние цревата му ги извадивме! Со месеци паѓаше во несвест цела нација како тоа државата се дрзнала да го поскапи дизелот, народот ќе умрел за леб, а тоа што дизелите загадуваат како подвижни печки на дрва никому не му е важно?!

Кога забрани човекот да се иде со коли до Водно и Македонско Село, туку прати автобуси, никој не сакаше тоа да го почитува.

Тоа што даде субвенции за точаси, печки со пелети, што почна со набавката на 40 еко автобуси, што заедно со ЕВН стави полначи низ цело Скопје за електромобили, што го реши проблемот со печката во Дрисла, што мака мачи цела година да го преземе БЕГ од Русите за да може да го шири парното до Драчево, Ѓорче, Илинден... тоа речиси никој да не го памети?!

Тоа што исчисти стотици диви депонии, што ги активираше инспекторите да казнуваат за нелегално фрлање отпад, што почна и рачно да се чистат улиците, што се блокираше изградбата на Скопје 2014-та па со тоа милиони куибици прашина не се кренаа во воздух и редица други потези, речиси никој не ги памти?!

Тоа што човекот започна три мега проекти со мостови и тунели преку Вардар и Кале со што драстично ќе се намали сообраќајниот метеж со што ќе се намали и загадувањето, исто никој не го памти?!

Петре бил пијаница, Петре бил неспособен, глуп, ваков, таков... Таа омраза кон него која е неоснована многу ми смета.

Петре бре луѓе е втор ај трет човек во СДСМ, веднаш рамо до рамо со Заев и Рада. Тие заедно го срушија режимот, тие ни го донесоа СЈО, тие сега ни го овозможуваат НАТО и ЕУ, тие го овозможија ова што се случува денеска во ВМРО ДПМНЕ.

Кога Петре биеше битки и покажуваше кој е што е колку знае и колку може, вие пушевте кај режимот, вклучително и колегата Горан Михајловски кој тогаш со ВЕСТ беше дел од МПМ империјата.

Знаеме сите што може колку може и каков интегритет има Петре Шилегов, тој е дел од машината која го прегази ВМРО ДПМНЕ изминативе 3 години, тој беше дел од преговорите во Пржино, битките во собрание, битките на изборите.

Сега е ред да го оставиме сето тоа да го покаже и во Скопје а не за се да го измеваме и секоја негова мерка да ја начекуваме на нож, како и онаа идеја за пијаниците да се возат со ваучер во такси, иако беше одлична идеја да се намали смртноста, хистериците и циниците се раскинаа со вицови и маани и паѓање во несвест.

Затоа сега сите еден МОЛК, оставете го Петре да работи, давајте сугестии, давајте критики, но со овој ЛИНЧ и ова набивање на Петре на колец, веднаш да престанете пошто сте ми стварно преку таквото!

п.с Исто и за кучињата има една голема перверзија. Сите сакаат кучињата да ги снема, никој не сака тие да бидат убиени или затворени, епа што да им правиме, да ги однесеме на викендицата на Пете во Маврово да се бањаат во езерото?! Што да правиме? Дајте решение или само ќе плачете и хистеришете а на секое предложено решение ќе се фрлате на земја и ќе блокирате?! Ајде кажете, што да правиме, да ги затвориме ли во некоја шума кучињата, да ставиме ли огромни казни за оние кои чуваат куќе без чип, па после да не смее да го пушти на улица, дајте предлог, не само врескајте и паничете...

п.п.с Со месеци го кочевте гасоводот преку Водно, а токму со него ќе се намали загаденоста на цела полошка котлина од каде доаѓа загадениот воздух и во Скопје затоа што таа котлина е поврзана со Скопје преку Сарај... Значи секое решение го кочите, а само плачете за последиците. Сакате Петре да извади некоја магична ламба и од таму да се појави некој голем магичен дух кој исполнува желби без никакви компромиси и по никоја цена која ќе треба да се плати за да се решат проблемите.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија