Родителството се отежнува нон стоп, затоа веќе никој не чува деца!

Објавено на 05.11.2018 во 15:00:48 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Не го тепај детето макар куќа запалило!

Не го терај да работи, да помага, да чисти, да носи ќеси, било епсплоатација!

Не го терај да биде амбициозно, ќе го фрустрираш!

Не го терај да учи, го малтретираш!

Разговарај со него?! СО КОГО БЕ ДА РАЗГОВАРАМ?! СО ФАН НА ЗАЈЧИЊАТА МАКС И РУБИН?

Не му кажувај ни кој пол е, машко или женско.

Не го критикувај. Не му соли памет. Не му ги кажувај твоите фрустрации и соништа, ќе му влијаеле на психа.

Не го учи на религија, не го учи на материјализам или социјализам, само нека си оди по патот каде тргнало итн итн...

И после, кога ќе напуни 20-30 и кога нема да има нити работна навика, нити дисциплина, нити скромност, нити отпорност за што било, кога ќе почне да тоне, тогаш кој ќе биде крив, кој ќе го јаде стапот?!

Затоа викендов у парк, односот деца спрема кучиња во градски парк во Скопје беше 1 спрема 2!

Сите си чуваат кучиња, најлесно е, нарани го, прошетај го, од време на време хигиена и ветеринарна проверка и готово. Нити го мислиш за психа, нити за карактер, нити за дали ќе успее во животот, дали треба да се носи на часови, да се учи да пишува, да се пази што ќе се збори пред него, дали ќе му влијаеш на карактер и на животон пут...

Од ден на ден, родителството го правиме невозможна мисија! И не само со оваа политичка коректност која им ги врзува рацете на родителите, туку и самиот живот кој не прави сите хедонисти, зависни од социјални мрежи, од пари, од кариери, немаме време за децата, тие се запоставени, и без љубов и без ќотек...

Не знам што ќе прави човештвото во иднина, можеби и добро е што ќе се намали малку човековата популација од еколошки причини.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија