СДСМ ЗА ЖАЛ ИМА ЕДЕН ГОЛЕМ СИСТЕМСКИ ПРОБЛЕМ КОЈ ВМРО ДПМНЕ УСПЕШНО ГО КОРИСТИ ВЕЌЕ 30 ГОДИНИ!!!

Објавено на 05.11.2018 во 16:16:13 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ги знаеме фабричките грешки на ВМРО ДПМНЕ - национализам, заостанатост во секој смисол, пред се цивилизациски, склони кон пљачка, диктатура, насилие, омраза, конфликти, склони кон враќање во камено доба, верски фанатизам во мискс со турбо фолк кичерај и раскалашеност...

Но и СДСМ си има свои системски мани кои ги манифестираат 30 години и кои ВМРО ДПМНЕ успешно ги користи, за жал.

Според мене, најголем проблем на СДСМ веќе не е елитизмот, рак рана на оваа партија, туку е анти-бизнис мајндсетот. Едноставно, а рикне негде багер, одма се јавуваат одреди активисти кои се фрлаат во тоа шанците.

Па така, СДСМ и неговото членство веќе е против рудници, згради, гасоводи, железари, цинкари, разни погони за што и да било, стопирани на две години беа и автопатите а сега со даноците ќе се удри и по бизнис фелата од секоја бранша.

Бизнис фелата веќе се заканува со егзодус од земјава што ќе биде погубно и за СДСМ и за земјата и за народот, само ВМРО ДПМНЕ ќе се офајди од тоа, што го прави тој момент уште потрагичен.

Значи на СДСМ да им дадеш да водат правда, меѓународна политика, социјала, образование, енергетика, земјоделие но никако да им дадеш  транспорт и врски, финансии и економија да водат, одма све живо се закочува.

Не знам како низ годините СДСМ се доведе до оваа фаза да буквално партијата и членството е алергична на багери како што многу од нас се алергични на полен. 

Има нешто во багерот што ги дразни и им ги превртува цревата, ги асоцира на бучава, нечистотија, криминал, профит, градежен хаос, неправда, ваљда... Багерот за СДСМ стана она што е за ВМРО ДПМНЕ СЈО или ЛУЦИФЕР, исто ти се фаќа!

Но зошто не ги асоцира и на среќни работници кои земаат плата?

Зошто не ги асоцира на платени комуналии и даноци?

Зошто не ги асоцира на успешни фирми кои опстојуваат и делат плати на своите вработени во канцелариите, каде пак се плаќа кирија, се плаќаат сметки?

Од каде овој АНТИ БИЗНИС мајндсет на левицата во 2018-та, толку далеку од занесувањето со марксизмот и ленинизмот кои пропаднаа секаде на земјината топка?

Зарем не разбираат комуњарите дека тие рудници ќе делат плати, дека тие железари и цинкари ќе делат плати, ќе се врти парата, ќе има работа за сите, како инаку до благосостојба?

Сите ли ќе живееме од туризам и од ајвар и од вино и млеко правење? Па тој сектор не може да ги задоволи сите во земјава, ќе треба сите да се отселиме и да останат само 500 000 кои ќе можат да извадат леб од земјоделие и туризам, сите други да се разбегаме по западот и истоткот каде има и индустрија која бара работна рака?!

Како ќе го попуниме пензискиот фонд, како до подобро здравство, како ќе ја попуниме дупката во буџетот и како ќе ги вратиме кредитите кои ги земавме за путишта и за Скопје 2014-та ако не го кренеме БДП по сите основи и во сите бранши?!

Овој АНТИ БИЗНИС ФАНАТИЗАМ ќе му ебе матер на СДСМ а и на Македонија!!!

Од друга страна пак, да бидеме реални, а дојде ВМРО ДПМНЕ на власт, почнува брате да се гради како некое лудило да има зафатено, значи да, без план, без екологија, без логика, ама брате бре се гради, рикаат багери и во градови и по ридови, да се зема провизија, се зема мито, се прават грешки, но државата економски клокоти како лонец пун со макарони во студентска соба во Стив!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија