По се изгледа проблемот со кучињата скитници ќе треба да го решиме ние сељаците со старите добро проверени методи

Објавено на 06.11.2018 во 12:10:02 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Животот е суров у суштина. Тоа најдобро го знаат сиромашните и сељаците.

Лесно им е на богатите и граѓаните, они не се соочуваат со смртта и со суровоста на животот толку често како нас.

Израснат сум на село, каде речиси секој ден нешто умираше за ние да преживееме. Јасен ми е концептот, или ние или тие.

Секој ден умираше по некоја кокошка, свиња, прасе, јагне, јаре, коза, овца, патка, шатка, крвишта на сите страни.

Речиси секој ден висеше на чингел обесен леш на некое животно, со месото од него се храневме сите за да бидеме здрави и силни за да се бориме со студот, болестите, напорната работа.

Граѓаните и богатите појма немаат за тоа, јадат они нон стоп месо и тоа најдобро, но за нив месото се раѓа тамо некаде во кујната на ресторанот или во магацинот на ВЕРО или Тинекс...

Истиот принцип на ние или тие важеше и за секоја опасност која ќе се појавеше за нас, било да е диво или домашно животно, одма добиваше следовање, стап у глава или куршум у чело.

Така треба да биде и со кучињата скитници во Скопје, тие се закана за луѓето, секој ден луѓе се касани, малтретирани па дури еве во Гостивар и убивани!

Лесно е ако имаш здрав разум и логика, прашањето е или ние или тие, некој мора да победи во оваа битка, и се знае кој треба да биде тоа.

Да знам, звучи сурово, но животот е суров, запрашајте се сите вие либерали и хипстери, ако се најдете во шума и ве нападне некое слатко мече, и сака да ви ги изеде децата, ќе се браните и ќе ги убивате или ќе викате - абе не е криво животното, системот не јебе?!

Државата мора да ги заштити луѓето од диви опасни животни па колку и да биле тие слатки или симпатични.

Ако не тоа, тогаш нека се поделат пиштоли на сите па да може да се браниме веднаш ако некое куче не нападне за да може веднаш и брзо да се одбраниме. Нешто мора да се направи не може веќе овој проблем да го оставаме под тепих и да го сметаме како нужно зло, акција мора да има, Скопје и другите градови мора да бидат безбедни, секој ризик е преголем, замислете како им е денеска на родителите на загинатото девојче во Гостивар, ставете се во нивна кожа, барем на 5 минути, се ќе ви се разбистри без разлика колку и да ви е заматем умот од хипстерај и забеганост!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија