ФИЧО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН: Со грант од 115 000е од владата, македонски пронаоѓач се престави на саемот за авто иновации во Падова!

Објавено на 08.11.2018 во 01:14:36 часот | Македонија

Компанијата BB Classic Cars & Replicas со проектот „Замена на мотор за внатрешно согорување кај Застава 750 (фиќо) со електричен мотор“ учествуваше на меѓународниот Саем за класични автомобили Auto e Moto D'epoca кој се одржа во Падова од 25 до 28 октомври.

Овој Проект годинава е поддржан од страна на #ФИТР со грант во висина од 6.930.000 денари во рамките на Првиот инвестициски бран во рамките на првиот јавен повик од Планот за економски раст на Влада на Република Македонија.

Компанијата ББ Класик Карс е една од над 70 домашни компании/конзорциуми поддржани од #ФИТР, а со првиот инвестициски бран се реализираат инвестиции во домашниот приватен сектор во износ од 20 милиони евра. Се ангажираат 460 лица, од кои 85 се нови работни места, со просечна плата од 48.000 денари.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет