Дај да бидеме реални бре луѓе, овие писмава на Сашо Мијалков му го креваат имиџот на Мицковски и мислам дека се некаква режирана пр игра!

Објавено на 08.11.2018 во 18:24:45 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Значи ако некој политичар сака да добие на рејтинг и на реноме, треба да посака да го критикува еден апаш, еден мафијаш, еден лудак како што е Сашо Мијалков.

Јас се кладам дека оваа преписка која се одвива овие денови меѓу Маијалков и Мицко е нарачана, оркестрирана, договорена маестрална ПР игра.

Дури одам и понатаму, мислам дека откинувањето на 8 гласачи од ВМРО ДПМНЕ е исто така оркестриран потег на ВМРО ДПМНЕ да го помогне договорот од Преспа а за возврат да не биде целосно меѓународно изолирана.

Но за ова не сум целосно сигурен, но дека нападите од Мијалков му одат во прилог на Мицко, тоа рука сечам без анестезија!

Како поинаку може да се разбере кога те критикува човекот кој беше и сеуште е олицетворение на злото, на криминалот, на бездушноста, забеганоста, аздисаноста, хедонизмот, политичката и човечката суровост, безочност, дрскост, диктатура, злоупотреба на моќ, безочна пљачка и тоа над 10 години...

Да те плука јавно Сашо Мијалков е како да те плука Ел Чапо или некој друг лидер на нарко картел...

Да те плука јавно политичар како Сашо Мијалков е како да те фали Кате Блажевска во колумна на Дојче Веле...

Дај да бидеме реални и да не дозволуваме оваа мајмунарија да не збуни и да го направи Мицко некаков херој кој го чисти ВМРО ДПМНЕ од злото и криминалот, дај да не се заебаваме, Мицко е обичен политички анти талент копук изгубен во просторот и времето без муда без памет без срце и без карактер!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија