ДЕМАНТ ОД ДИРЕКТОРОТ НА БОЛНИЦА ЗА ДЕТСКИ БЕЛОДРОБНИ БОЛЕСТИ КОЗЛЕ, РИЈАД АЛИМИ: Не се точни шпекулациите дека сум претепал медицинска сестра, се работи за вербален инцидент стар речиси 2 години, кој е целосно расчистен од полицијата и судовите, некој од поранешниот менаџмент се обидува да ми наштети

Објавено на 08.11.2018 во 20:37:52 часот | Македонија

 
Деновиве по порталите се појавија шпекулации за тоа дека директорот на детска болница Козле крвнички претепал медицинска сестра која се обидела да го спречи да одржи ифтар поради муслиманските пости за Рамазан Бајрам. Наводно потоа случајот се заташкал а таа од последиците завршила во лудница. Поради ова го контактиравме директорот Ријад Алими кој во изјава за Мактел рече:
 
- Се работи за инцидент стар едно 2 години, не знам зошто сега ова се вади во јавност при што се манипулира и од нешто ситно се прави огромна паника. Се работи за обичен вербален инцидент кој го имав со една наша вработена која не се однесуваше професионално со нашите пациенти, при што наведената имаше и други проблеми во работата, пред се лични поради што на крај таа по сугестија на нејзиниот сопруг и си даде отказ. Во тие моменти таа водена од тие проблеми го пријави случајот во полиција и полицајци од ПС Карпош направија увид при што не утврдија никакви елементи на физичко насилство. Таа потоа се обиде лично да ме тужи на суд, но потоа се откажа од тоа и ми се извинуваше, наводно погрешила и дозволила други да ја инструираат во некаква игра да ми се наштети на мојот углед кој го градам со над 8 години професионално менаџирање со болницата која ја направивме вистинска гордост на нашето здравство. Демантирам дека имало нешто врска со некакви верски обреди за Рамазан Бајрам и слично, сето тоа се глупости. Се сомневам дека некој од претходното раководство на болницата се обидува со овие стории да ми наштети и да ме оцрни но јас сум чист, како солза и нема од што да се плашам, затоа и не се ни трудев овие денови да ги демантирам овие клевети, за се има документи во полиција и во суд, институциите ги проверија овие пријави и не најдоа ништо сомнително. Јас како менаџер морам да барам од моите вработени да бидат на нивото кое го бара професијата од нив, а секој што има лични проблеми ако не може да се носи со предизвикот нека си даде отказ, пациентите од нас бараат работа и грижа, не ги интересира дали имаме лични проблеми или не, и тоа е разбирливо, тие кај нас доаѓаат за да си ги спасат децата, не да ни ги лечат нашите лични проблеми. И некокогаш некој од вработените лошо го разбира тој мој менаџерски стил и се обидува дa ми се одмази со лажни пријави и местенки. Резултатите од мојата работа се видливи, дојдете во Козле или прашајте ги нашите пациенти дали се задоволни од нашите услуги кои им ги пружаме.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет