БРАВО СДСМ: Решен е деценискиот проблем со водата во Гевгелија, пуштен во употреба нов водоснабдителен систем, обезбедена чиста и здрава вода за граѓаните!

Објавено на 09.11.2018 во 01:32:54 часот | Македонија

Денес извршивме свечено предавање во употреба на новиот Водоснабдителен систем со кој се решава проблемот со арсенот во водата за пиење. Со гордост можеме да кажеме дека за само неколку недели- веднаш после фазата на технички припреми и обука за вработените- гевгеличани ќе добијат целосно чиста и здрава вода за пиење.

Овој капитален проект чини 1.7 милиони евра- средства кои се обезбедени од страна на општината, Министерството за транспорт и врски, Европската Унија и Светска банка. Проектот овозможува водоснабдување за 17.500 жители од општина Гевгелија и 2000 жители од населените места Селемлија и Стојаково, кои се на подрачје на општина Богданци.

Благодарност до сите кои учествуваа во работата на овој проект.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет