УТРОВО ИНСПЕКТОРИ НА СЈО СО СУДСКА НАРЕДБА УПАДНАА ВО СИТЕ ФИРМИ НА ОРЦЕ КАМЧЕВ

Објавено на 09.11.2018 во 09:36:31 часот | Македонија

Oбвинители од Специјалното јавно обвинителство утринава во 6 часот влегле во сите фирми на бизнисменот Орце Камчев, потврдија неофицијално од СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК.

СЈО врши претрес во седиштето на „Орка холдинг“ и во други фирми надвор од Скопје, врз основа на судска наредба. Акцијата е со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР, велат неофицијално од СЈО, но не кажуваат за какви сомневања станува збор, односно какви кривични дела истражуваат со инспекторите од организиран криминал од МВР.

Нема информации во моментов додека трае претресот ни дали се врши заплена, а ни дали е некој уапсен.

На 29 август 2016 Камчев дојде на распит во СЈО, но Обвинителството тогаш не кажа во кое својство и за кој случај е повикан.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет