ОТЧЕТ НА ДРАГАН АТАНАСОВ - ЛАДИЧ, ЕДНА ГОДИНА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРОБИШТИП: Го враќаме наследениот долг од 3 милиони евра, обезбедивме над 10 милиона евра за нови инвестиции!!!

Објавено на 09.11.2018 во 14:07:07 часот | Македонија

Почитувани,

Зад нас е една година откако ја добив довербата да бидам градоначалник на општина Пробиштип.

Година на сериозни предизвици и тешки одлуки.

Меѓутоа, тешката економската состојба во која ја затекнав Општината, која практично беше оставена на милост и немилост на економските оператори кои извршувале одредени работи, за отворен долг од 3 милиони евра или над 180 милиони денари, не ме обесхрабри, туку дополнително ме мотивираше да дадам се од себе, за да можеме да ја движиме Општината напред и да обезбедиме подобри услови за животот на сите граѓани.

Во изминатите 365 дена:

• Раздолжено е повеќе од 21 милион денари од наследениот долг од над 180 милиони денари
• Во соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт и врски, обезбедени се средства од 6 милиони евра за реконструкција на патниот правец Пробиштип – Крупиште во должина од 18 километри. Tендерската постапка е завршена, пријавени се четири економски оператори, во тек е евалуација и избор на најповолен понудувач. Реконструкцијата започнува до крајот на 2018 година, а ќе трае во текот на цела 2019 година.
• Обезбедени се средства за рехабилитација на патен правец м.в. Киселица – Злетово - Древено – Добрево - Пробиштип во должина од 17,3км, во вредност од 1,5 милиони евра или 91,7 милиони денари од буџетот на ЈП за државни патишта. Потпишан е Договор со Изведувач, а рокот за изведување на работите е до 19.01.2020 година. Се чека на времен режим на сообраќај за отпочнување со работа.
• Обезбедени се средства за рехабилитација на патен правец Пишица – Тркање во должина од 9,85км, во вредност од над 500.000 евра или поточно 32,92 милиони денари од буџетот на ЈП за државни патишта. Потпишан е Договор со Изведувач, а рокот за изведување на работите е до 17.03.2019 година. Веќе е извршено асфалтирање во должина од околу 4 км.
• Во индустриската зона Неокази изградена е канализацијата и пречистителната станица
• Изградена е канализацијата во село Неокази
• Асфалтирана е дел од улицата „Крсте Мисирков“ од старото училиште до мостот во Калниште и изграден е потпорен ѕид на истата 
• Асфалтиран е дел од улица „Миро Барага“ во должина од 1250 метри и со ширина од 7 метри
• Се асфалтираа најголем број од ударните дупки по коловозите низ Oпштината. Останатите ќе бидат асфалтирани во текот на месец ноември
• Извршени се земјени работи на неколку полски патишта низ Општината
• Тампониран е крак на улица Осоговска
• Расчистен и тампониран е земјоделски пат во населбата Пробиштип
• Тампониран е патот помеѓу селата Горно и Долно Барбарево
• Аплицирано е во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за обезбедување на средства за пробивање и тампонирање на полски патишта низ Општината
• Во моментот општина Пробиштип работи на целосно ново осветлување на Градскиот плоштад. Проект во вредност од 1,7 милиони денари со кој ќе се осветли и ќе се даде сосема нов современ лик на Градскиот плоштатад
• Завршена е јавната набавка и избран е изведувач за реконструкција на електрична инсталација за осветлување на улицата „Тодор Александров“, на потегот помеѓу улиците „Методија Андонов – Ченто“ и „Димитар Влахов“ и улицата „Кочо Рацин“, на потегот помеѓу улиците „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ 
• Изградена е фекална канализациона мрежа на ул.„ Славко Баев“
• Изградена е примарна водоводна мрежа, фекална канализација и пробивање и посипување со тампон во Урбан Блок 7.5 во Пробиштип
• Изграден е канализационен крак, извршен е технички прием и пуштена во употреба е Градската капела 
• Изготвувена е техничка документација, со ревизија за повеќе капитални проекти, како:

o Кино салата во Пробиштип, со кој е аплицирано по мерката 321 во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
o Патниот правец Пробиштип – село Стрмош, со кој е аплицирано по мерката 323 во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 
o Спомен парк „Братство и единство„ со кој е аплицирано по мерката 322 во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
o Доградба и реконструкција на постоечки сместувачки капацитет во Лесново, со кој е аплицирано за обезбедување на финансиска помош од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка
o Реконструкција на улицата „Тодор Александров“, во делот од спојување со улицата „Никола Карев“ до ООУ Никола Карев, со кој ќе аплицираме за обезбедување на средства од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка, преку Проектот за подобрување на општинските услуги
o Дом на култура и кино сала во Злетово
o Улица 3 Април
• Извршена е ревизија на Проектот за изградба на Минеролошка збирка во Пробиштип, за кој ќе поднесеме апликација до Бирото за рамномерен регионален развој, преку Центарот за развој на Источен плански регион
• Течат активностите за номинирање на Лесново за ГЕО ПАРК во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО – Втор на Балканот и единствен во Македонија. Средствата се обезбедени преку Програмата за зачувување на природата во Македонија, како и од сопствените буџети на општина Пробиштип и Кратово
• Обезбедени се 4 согласности и вработени се 4 нови пожарникари за доекипирање на Против Пожарната Единица за прв пат после 20 години
• Преадаптирани се простории во ООУ „Никола Карев“ за детска градинка во населеното место Калниште. Градежните работи се при крај. Останува да се намести подот. Објектот ќе биде спремен да прими 40 дечиња од приградската населба Калниште до крајот на месецот. За овој проект и ова реализирано ветување, на кое сме исклучително горди го реализиравме во соработка со Министерството за труд и социјална политика и е во вредност од 5.942.000 денари со ддв.
• Обезбедени се средства од 600.000 евра од Република Словенија и 600.000 евра од Владата на Република Македонија (вкупно 1.200.000 евра и најголема донација во историјата на Пробиштип) со кои ќе се зголеми капацитетот на пречистителната станица и реконструкција на старата пумпна станица во село Ратавица, со што општина Пробиштип ќе добие можност да обезбеди водоснабдување и во руралните средини. 
Потпишан е Договорот со изведувачот и се очекува во наредниот период да бидат воведени во работа.
• Во завршна фаза е процедурата за донесување на 10 Детални урбанистички планови за Пробиштип, 1 детален урбанистички план за Пониква и 1 урбанистичко планска документација за село Лесново
• Деблокиран, продолжен и успешно завршен со реализација Европскиот ИПА Проект за реконструкција на Домот на култура
• Општина Пробиштип, во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и прекуграничните партнери од Грција и Кипар, работи на Проект во вредност од 17.000.000 денари за БИООТПАД. Со овој Проект, Општината ќе добие две големи компостари за биоотпад, кои ќе бидат поставени во централното градско подрачје и населбата Калниште, со што ќе биде прва Општина во Република Македонија и регионот која ќе селектира био отпад за компостирање и Општина пионер за системот на плаќање на комуналните сметките по принципот „Секој плаќа колку што фрла“.
• Реконструирани се и асфалтирани игралиштата на ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип
• Распишан е тендер за реконструкција на кровот на спортската сала во ООУ „Никола Карев“ кој завршува на 15 ноември. По изборот на најповолен изведувач ќе биде решен уште еден проблем на граѓаните кој со години наназад се провлекуваше и одолговлекуваше.
• Заменети се дел од старите прозорци со нови ПВЦ прозорци во ООУ „Никола Карев“
• Аплицирано е во Министерство за финансии за поставување на фотоволтаични панели на ООУ „Никола Карев“, со што ќе се овозможи да се намалат трошоците и се стави во функција училишниот затворен базен
• Набавен е нов парен котел на нафта за системот за загревање во ООУ „Браќа Миладиновци“
• Реконструирано е игралиштето на подрачно училиште „Кирил и Методиј“ во Злетово
• Реконструиран е влезот на подрачно училиште „Кирил и Методиј“ во Злетово
• Обезбедени се дидактички материјали за сите првачиња во општина Пробиштип
• Обезбедени се надгледни средства и дидактички материјали за корисниците во Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост и специјалната паралелка при ООУ„Браќа Миладиновци“ 
• Преку Програмата за Општинско-корисна работа „Мрежа од услуги за еднакви можности за сите“ за период од 6 месеци ангажирани се:
o две лица - дефектолог и личен асистент за потребите на дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост 
o едно лице за дневна грижа на стари и изнемоштени лица
o четири негуватели, воспитувач и психолог за потребите на детската градинка
o две лица - образовни асистенти за ученици вклучени во инклузирана настава 
• Воведени се спортски активности за ученици од прво до петто одделение на часовите по физичко воспитание и образование во присуство на одделенски наставник преку ангажирање на лице за период до крајот на годината
• За прв пат во општина Пробиштип се обезбедени по 5.000 денари за секое новороденче (средсва кои се скратени од контото за репрезентација на градоначалникот).
• За прв пат, неселективно, се обезбедија социјални божиќни пакети за СИТЕ корисници на социјална и постојана парична помош
• За прв пат, неселективно, се обезбедија новогодишни пакетчиња за СИТЕ деца во детската градинка
• Обезбедени се 6 прочистувачи на воздух во Детската градинка „Гоце Делчев“ од Пробиштип
• Ангажиран е логопед во детската градинка и општинските основни училишта
• Потпишан меморандум за соработка со здружение „Инклузива“ од Куманово за спроведување на обука на вработените од општина Пробиштип
• Воспоставен е приемен ден со градоначалникот, во сабота од 11 часот (во зависност од работните обврски), кој трае до прием и на последниот заитересиран граѓанин на кој се примени над 2000 граѓани, што докажа дека граѓаните на општина Пробиштип имаат наталожени проблеми кој не биле решавани со години, но и предлози и идеи за подобрување на општинските услуги и Проекти.

Сите овие реализирани и отпочнати проекти се само Наш почеток за идните планови за Општина Пробиштип. Се надевам дека оваа измината година работа, како градоначалник, успеав да оправдам барем дел од вашата дадена доверба. Јас и понатаму ќе продолжам да давам се од себе, да правам се што можам, да лобирам секаде каде што можам, општина Пробиштип да ја направиме поубаво и поатрактивно место за живеење.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет