СЈО бара притвор за Камчев и за уште четворица осомничени во „Империја

Објавено на 09.11.2018 во 17:50:59 часот | Македонија

 
СЈО бара притвор за петмина осомничени во најновата истрага „Империја“, и тоа за Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска,Тодор Мирчевски и за Цветан Панделески, пренесува„Фокус“ повикувајќи се на сигурни извори.

Цетворица од осомничените веќе се во Кривичниот суд, а секој момен во судот се очекува да биде донесен и Камчев, по што се очекува во текот на ноќта да им биде извршен распит од судија на претходна постапка кој ќе одлучи дали ќе ги испрати во притвор или ќе им одреди мерка на претпазливост.

Според порталот СЈО инсистира на притвор поради опасност од бегство и влијание на осомничените врз сведоци. Исто така предвид го зеле и фактот што дел од нив имаат двојни државјанства и голема имотна сотојба.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет