Камчев: Сите мои компании се отворени за соработка со СЈО, работиме законски, вработуваме над 3000 луѓе

Објавено на 09.11.2018 во 18:20:20 часот | Македонија

Извршниот директор на „Орка холдинг“, Јордан Камчев, испрати соопштение до медиумите, во врска со најновата истрага на СЈО, „Империја“ и по денешниот инспекциски надзор во дел од фирмите поврзани со „Орка Холдинг“.

„Би сакал да ја информирам јавноста дека како сопственик на повеќе компании во Македонија, кои вработуваат над 3.000 лица, максимално сме отворени и транспарентни за секој инспекциски надзор.

Компаниите во кои сум сопственик со целосна одговорност изјавувам дека ги почитуваат позитивните законски прописи во Република Македонија, и токму поради тоа верувам дека многу брзо ќе се отстрани секаков сомнеж околу нивното работење.

Отворени сме за соработка со СЈО, како и со сите други државни институции во земјава, а пред се во интерес на одржување квалитетна бизнис клима и економски просперитет во земјава“, се наведува во изјавата на Камчев.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет