(ВИДЕО) Oтчет на градоначалникот Филип Темелковски за сработеното во првата година од градоначалничкиот мандат во Кисела Вода: Реновирани многу училишта, градинки, улици, инвестирано во канализација, водовод, осветлување, зеленило...

Објавено на 09.11.2018 во 18:58:05 часот | Македонија

 

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, во присуство на Претседателот на Советот и секретарот на Oпштината, денес го презентираше отчетот за сработеното во првата година од неговиот мандат.

Ви испраќам  скратена верзија од неговото обраќање:

Пред една година на жителите на Општина Кисела Вода, на моите соседи, им ја презентирав својата визија, своето видување на Кисела Вода-како модерно, урбано место за живеење, во кое сите заеднички ќе се трудиме да наметнеме европски и светски стандарди.

И од првиот ден откако тие ми ја дадоа довербата, се зафатив со одговорна, чесна и домаќинска работа во насока на развој на она што за сите нас е ДОМ. Заедно со Советот, со општинската администрација, посветено работевме на подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните. Една година е релативно кратко време за да можe да се зборува за комплетно сменет лик на општината, но сепак е доволен период за да говориме за конкретни резултати. За повеќе завршени проекти, за уште поголем број на отпочнати проекти на кои во моментов активно се работи, за трасирање на патот за решавање на заостанатите проблеми за кои е недозволиво да постојат во 21-виот век.

Во минутите што следат ќе потсетам на поставувањето на комплетна енергетска фасада и повеќето градежни зафати во ОУ Кирил Пејчиновиќ, термоенергетската фасада на ОУ Кузман Шапкарев, како и реконструктивните зафати во другите училишта, на наградувањето на најталентираните ученици на полето на науката, уметноста,културата и спортот и најдобрите наставници од основните училишта на територија на Општина кисела Вода. На преземањето на трошоците за физичко и патролно обезбедување на училиштата од страна на локалната самоуправа, на набавката на прочистувачи за воздух и мебел во градинките, за санација и рехабилитација на повеќе улици како Сердарот, Саса крак 32, како и асфалтирање и реконструкција на повеќе улици во сите месни и урбани заедници. Ќе проговориме и за комплетната реконструкција на водоводната мрежа во селото Дрчево од Порупи до Пеленица, како и за изведбата на атмосферска и фекална канализација на Рилски конгрес и Зеленгора 1. Ќе ја издвојам и реконструкцијата на детското игралиште во паркот Шопен, возобнувањето на училишниот спорт, материјалната поддршка на спортски клубови и спортски манифестации, формирањето на Советот на стопанственици, Ќе го издвојам и бројот на легализирани дивоградби кој само за една година изнесува една половина од бројот на решени предмети за претходните 6 години, како и други бројни проекти.

Дозволете ми да ви презентирам само дел од сработеното во овие 365 дена.

-Големи беа заложбите за обезбедување на што подобри услови за најмладите, основците и дечињата во градинките. Токму затоа, градежно занатски и реконструктивни активности беа реализирани во сите основни училишта и градинки. Јас, ќе ги издвојам само покрупните.

-Со донација на Цементарница Усје, извршено е поставување на комплетна енергетско ефикасна фасада на ОУ Кирил Пејчиновиќ, со што ова училиште е комплетно енергетски обновен објект. Општина Кисела Вода тука ја реконструираше и спортската сала, отвори сензорна соба за ученици со посебни потреби, беа заменети и радијаторите, а беше обележано и спортското игралиште.

-Заврши поставувањето на енергетска фасада на ОУ “Кузман Шапкарев” на површина од 3.141 м2. Средствата беа обезбедени како донација од Цементарница Усје. Во моментов, во ова училиште Општина Кисела Вода работи на замена на дел од кровната конструкција.

- Во  ООУ „ Св.Климент Охридски“, во завршна фаза е реконструкцијата на спортската сала

- Во соработка со Министерството за образование и  ИППР Кина, Општина Кисела Вода продолжува со реализација на проектот за изградба на нова училишна фискултурна сала во состав на ОУ “Рајко Жинзифов”.

- Ги наградивме најталентираните 30 ученици  од областа на уметноста, науката и културата, а беше доделена и една групна награда. Награди добија и најдобрите наставници од сите основни училишта на територија на општината. Сакам да нагласам дека оваа пракса ќе продолжи се до крајот на мојот мандат.

- Општина Кисела Вода за првпат во сите основни училишта кои се под нејзина надлежност ги презеде трошоците за физичко и патролно обезбедување на учениците и објектите

-Во  сите објекти на ЈДГ „Весели Цветови“ набавивме прочистувачи на воздух и мебел, нови играчки и дидактички материјали. Во објектот Сончоглед беа варосани ѕидовите во занималните и ходниците и поставени нови плочки. Во објектот Мимоза- беа варосани кујната, салата и ходниците, а во објектот Синоличка-варосување на ѕидови во занимални и ходници и санирање на пукнатини на таваните.

-Прочистувачи на воздух добија и поеќе објекти од ЈДГ „8 Март“. Беше извршена набавка на мебел, на кујнска опрема, ситен инвентар, теписони, косилки  за сите објекти во ЈДГ 8-ми Март.

Во насока на подигнување на безбедноста на учениците и дечињата, набавивме и монтиравме сообраќајни знаци и сообраќајни огледала, а извршивме и обележување на хоризонтална сигнализација-пешачки премини во близина на училиштата и градинките.

Од позначајните проекти од секторот за комунални работи, сакам да го  издвојам следново:

- Успешно беше реализиран проектот “Рехабилитација на ул. “Сердарот””, за што, по апликацијата на Општина Кисела Вода и беа одобрени средства од ЕУ ИПА грантот за рурална инфраструктура, во висина од 120.000 евра. Реализацијата на проектот беше преку проектот на Светска Банка, а за целосно заокружување на финансиската конструкција, од буџетот на Општина Кисела Вода за 2018 година беа обезбедени дополнителни 2.450.000 денари. На оваа улица, од страна на Општината, беа поставени и нови тротоари.

-Санација беше извршена на улицата Саса, крак 32, во должина од преку еден километар

Асфалтирани беа повеќе улици во Стакларница, во село Усје и во селото Драчево

-Кога зборуваме за санација на улици, треба да ги споменам и улиците Локов и Пушкинова, дел од улица Христо Татарчев, крак 24 во населбата Припор. На оваа улица беше изведено гребење на стариот и поставување на нов асфалт, исто како и на два дела од улицата Христо Татарчев крак 22 и на улицата Студеничанска во селото Драчево. На последниве две улици беше извршено крпење на ударни дупки, како и улиците Киро Фетак, Јабланица, ул. 1438, Козјак , ул. 1519, ул. 1510.

-Неделава отпочна реконструкција на коловозот и тротоарите на улицата Рилски конгрес во населбата Црниче. Во населбата Пинтија се реконструираше и се поплочува со павер елементи, крак на улицата Саса 2. Се изврши реконструкција и санација со павер елементи на улици и тротоари во селото Драчево, конкретно на улиците Сердарот, крак 1, крак 2, 3, 4, 5 и 6, како и крак од улицата Иван Хаџиниколов. Во населбата Драчево, пак, со вакви зафати беа опфатени краците 1, 2, 3, 4 и 4а од улицата Киро Фетак, како и на кракот 1 од улицата Малешевска. Воедно, во населбата Пинтија се изврши санација на оштетен дел од плато пред црката Свети Еремија, а изведен беше и потпорен ѕид во населбата Усје. Подготвителни работи за потпорен ѕид се извршија и на улицата Христо Татарчев крак 14 во населбата Припор.

-На цела територија на општина Кисела Вода, на повеќе локации беше поставена нова урбана опрема, додека постоечката беше одржувана и по потреба санирана. Она што сакам да го издвојам е реконструкцијата на детското игралиште во паркот Шопен каде се поставени нови реквизити и нова урбана опрема.

-Извршивме комплетна реконструкција на водоводната мрежа во селото Драчево, на потегот од Порупи до манастирот Св. Руса на Пеленица, со што после 12 години манастирот доби вода. Во изградба е водоводна мрежа на крак на ул. Банско. На крак од оваа улица, на потегот од ул. Востаничка до улицата Рилски конгрес беа изведени и атмосферска и фекална канализациона мрежа. Атмосферска и фекална канализација доби и улицата Зеленгора 1, пристапна улица 3, во населбата Црниче.

 

Не изостана грижата и за јавното осветлување. Продолжени беа голем број на линии за улично осветлување. Уличните светилки заменети со нови, а реагиравме со брза санација секогаш кога  на одредена локација во општината ќе се појавеше дефект.

Интензивно се работеше на подобрувањe на јавната чистота во овој дел од градот.

Во цифри, преку на отворените канали Мала Рада и Црниот канал во селото Драчево, на дивите депонии, на јавните површини, преку повеќето акции за собирање на кабаст отпад,  во текот на оваа година се собрани преку 1100 тона отпад.

-400 семејства со новороденче добија ваучери од Општина Кисела Вода.

За социјално загрозените жители на општината, набавивме и им поделивме огревно дрво во вредност од 1 милион денари.

Многу внимание посветивме на вложувањата во спортот.

-Го возобновивме училишниот спортБеа формирани лиги во мал фудбал, одбојка и кошарка и беше одигран лига систем со плеј оф завршница

-Обезбедивме материјална поддршка на спортски клубови и спонзориравме спортски манифестации. Доделената материјална помош е во висина од 2.500.000 денари на вкупно 13 спортски клубови, кои опстојуваат на територијата на општина Кисела Вода и се натпреваруваат во најсилните спортски лиги. Доделена е и материјална помош од вкупно 1.355.000 денари на вкупно 8 спортски манифестации кои се одржуваат на територијата на општината Кисела Вода. Воедно, Општина Кисела Вода додели парична награда на 55 спортски таленти поединечно и една екипна награда  од основните училишта кои гравитираат на територијата на Општина Кисела Вода.

- Во двете спортски сали Независна Македонија и Архиепископ Доситеј беше реализиран Куп на општина Кисела Вода “Св Ѓорѓи”.

-Успешно го реализиравме проектот “Спорт за сите деца и граѓани”.

-Во текот на целата година течеше проектот “Спортска академија на Oпштина Кисела Вода”.

-Успешно го реализираме и проектот “Спортуваме -Другаруваме”, наменет за лицата за посебни потреби.

-Согласно дадените ветувања, на повеќе локации, паркови, игралишта, поставивме бесплатни безжични интернет зони

Во насока на подобрување на деловната клима во општината, , формиравме Совет на стопанственици на Општина Кисела Вода и реализирани се повеќе средби заради заедничко решавање на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат стопанствениците, а се во делокруг на активностите на локалната самоуправа.

Во соработка со УНДП, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на РМ, по 4-ти пат во тек е реализација на проектот Општинско корисна работа, преку кој се ангажирани 26 лица кои се активни баратели на работа, како лични асистенти, образовни асистенти и негувателки во основните училишта и јавните детски градинки на територија на Општина Кисела Вода

Во текот на годината, со цел реализација на повеќе проекти во интерес на нашите жители, беа потпишани бројни меморандуми и договори со повеќе субјекти, на кои во моментов сакам да им се заблагодарам. Тоа се Волонтер центар, UN Woman, American College, Факултетот за земјоделски науки, КРИК-младински центар, Здружението на пензионери од Кисела Вода, Црвениот Крст на Кисела Вода, повеќе Амбасади и многу други кои во текот на моето излагање ги споменав и со кои се надевам плодната соработка ќе продолжи и во годините што доаѓаат. 

 Во поглед на барањата за легализација, во рамки на Секторот за урбанизам и просторно планирање, сакам да истакнам дека од вкупно пристигнатите 11.884 барања за утврдување на правен статус кои датираат од 2011 година, кога го презедов мандатот решени беа 5705 предмети. За само една година, сакам да ве информирам дека решивме 2414 предмети. Односно за само една година успеавме да решивме ½ од бројот на барањата за легализација кои биле решени во претходните 6 години.

Сакам да ве известам дека во моментов, во постапка е ДУП за Градска четврт Ј20 БЛОК 04, по што граѓаните ќе можат да ги кажат своите забелешки на јавна анкета. Во завршна фаза е ДУП за градска четврт Ј14. Се работи на урбанистичкиот план за селото Драчево, како и за РеонЈИ, четврт ЈИ08. Во процедура се :ДУП блок Ј20.03, четврт Ј20, реон Ј, ДУП блок Ј20.02, четврт Ј20, реон Ј, ДУП блок15.01, четврт Ј15, реон ЈДУП блок15.04, четврт Ј15, реон ЈДУП блок15.05, четврт Ј15, реон Ј,ДУП Реон Ј20, Реон Ј, блок20.10.

Општина Кисела Вода реализираше и бројни проекти од сферата на културата, како и повеќе проекти од областа на социјалната заштита за подигнување на јавната свет кај граѓаните за социјално чувствителните прашања.

На самиот крај, сакам да ви претставам и неколку проекти на кои ќе се фокусираме во новата година што е пред нас.

-Во тек е реализацијата на третата фаза од реконструкцијата на дел од пристапен пат до рекреативниот центар “Теферич”. Проектот се спроведува во соработка со Центарот за Скопски плански регион, по одобрувањето на доставената апликацијата од страна на Бирото за регионален развој. По реализацијата на оваа фаза, пристапниот пат до рекреативен центар ,,Теферич'' ќе биде целосно реконструиран.

-2019-та година ќе ја одбележи и отпочнувањето на големиот проект за изградба на атмосферска канализација во населбата Пржино.

-Целосно е подготвена документација за изградба на две нови градинки. За првата, во населбата Драчево, веќе е изготвен основен проект, а за втората која треба да биде лоцирана во населба 11 Октомври Згради се подготвува проектно-техничка документација.

-Ќе започнеме со изградба на фекална канализација на дел од улица Методија Патчев во населбата Драчево. Паралелно, на оваа локација ќе се гради и водоводна мрежа.

-Поради појава на свлечиште што ја загрозува безбедноста на граѓаните, ќе пристапиме кон изградба на потпорен ѕид на улица Христо Татарчев крак 14 во Припор.

-Во соработка со Град Скопје и Шумарскиот факултет, во фаза на подготовка е изработка на студија за санација на ерозивното подрачје на Теферич, што се појави како последица на изградбата на патот кон Сончев Град.

-Со катастарот на загадувачи, кој во моментот се одвива на територија на општината, и чие завршување се планира кон крајот на месец мај, ќе се добие база на податоци на сите деловни субјекти, со типот на производство, капацитетот, број на вработени и др. Истите податоци ќе бидат достапни до граѓаните, бидејќи ќе бидат поставени на веб страната на општината.

Подготвени се проекти за општа енергетска контрола и проекти за енергетска обнова на ЈДГ “Весели Цветови” – објект Мимоза и ЈДГ “Весели Цветови” – објект Сончоглед.

-Евалуација и продлабочување на процесот на инклузија и вклучување на дефектолози во работата со деца со посебни потреби

-Спроведување на проект “Кисела Вода се грижи-самохраните родители и нивните деца се рамноправни граѓани на нашата општина”

Подготвена е апликација до агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за мерка 322, која се однесува на подготовка на Детални урбанистички планови за с. Усје и с. Драчево.

Подготвена е апликација до агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за мерка 323, проект за реконструкција на патот до Туристичко верско рекреативниот центар Три Круши, с. Драчево

 Почитувани, на истекот од мојата прва година како градоначалник на Општина Кисела Вода би сакал да им се заблагодарам и на Советот на Општина Кисела Вода и советниците, без чија поддршка сите овие реализрани проекти немаше да бидат можни. На 16-те седници колку што беа одржани, усвоени беа 151 акт кои имаат за цел исклучиво да им го подобрат животот на жителите на општината. Воедно, би сакал да се заблагодарам и на Владата на РМ, Градот Скопје, на сите претпријатија во нивна надлежност, на сите Министерства за укажаната поддршка и соработката, како и на сите граѓани, кои секојдневно се тука како наш партнер во идентификувањето на приоритетите на оваа локална самоуправа. Дека ги имаме како рамноправен партнер, потврдува и фактот што во моментов, додека го подготвуваме Буџетот за 2019 година најпрво одржавме средби со сите нив, во нивните месни и урбани заедници за во прво лице да ги слушнеме нивните барања и потреби, одржавме работни состаноци и со граѓанскиот сектор и спортските здруженија, се со цел, Буџетот да биде скроен по мерка на оние за кои е наменет-жителите на Општина Кисела Вода.

Почитувани,

Пред една година ветив ЖИВОТ ВО КИСЕЛА ВОДА ЗА СИТЕ, денешниов отчет, е уште една потврда дека стојам на дадениот збор! Ви благодарам!

П.С. На веб страницата на Општина Кисела Вода, www.kiselavoda.gov.mk, ​ на следниот линк

http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-novosti/2069-2018-11-09-11-36-29

ја имате и интегралната верзија од нeговото обраќање.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет