ДЕНЕСКА Е ЕДЕН ОД МОИТЕ НАЈСРЕЌНИ ДЕНОВИ ВО ЖИВОТОТ

Објавено на 10.11.2018 во 21:00:10 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Цел ден денеска сум како во длабок зен будизам навлезен, како во транс.

Цел ден шетам по ридови на Попова Шапка, буљам у тоа травата зелена, како на тешки дроги.

Цел ден ја гушкам жена ми како да сум од оние мечињата на анимал планет од националниот парк во Аљаска, Денали, таа се чуди кој ми е к...

Еееј кај бевме а кај дојдовме човече... Кога ќе ми текне какви битки биевме со Грујовата банда, а сега копилето се крие по Скопје и прашање на саати е кога ќе го стрпаат у Шутка...

Во меѓувреме СЈО поапси пола клиентела на култната Воденица и хотел Мериот...

Големи сомови се стрпани во Шутка. Срцето на место, некако, се си дојде на место, некако животот доби на смисла...

Сите тие милион колумни, протести, ќотеци, стресови, денови поминати во тешка сиромаштија и неизвесност, се конечно си дојде на свое место.

Конечно си велиш, леее, абе ова стварно имаше смисла, ја може не сум будала.

А тоа е најголемото олеснување за еден човек :D

Ова е еден од моите најубави и насреќни денови во животот. Да ни се множат вакви денови кога доброто ќе го победи злото!

Кога правдата ќе ја победи неправдата.

Кога државата ќе ја победи мафијата.

Кога оптимизмот, храброста и визијата ќе ги победат песимизмот, стравот и гневот.

Победи една нова Македонија на европската цивилизирана раса желна за правда и слобода врз старата вмровска Македонија на гоцевата раса желна за наведната глава и простоќа.

Овој ден е денот кога Македонија стана вистинска држава. Се пред тоа беше тешка фарса и блефирање!

ЧЕСТИТО БЕЗБРОЈНИ ВОЈНИЦИ, НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ТРИУМФОТ НАД ГРУЕВИЗМОТ КОЈ ГО ПРОГЛАСУВАМ ЗА ОФИЦИЈАЛНО МРТОВ!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија