АЛО, НАРОДЕ, САМИОТ ФАКТ ДЕКА ГРУЈО Е ВО БЕГСТВО Е ТРИУМФ НАД ЗЛОТО, И ТОА Е РЕЗУЛТАТ НА 10 ГОДИШНА КРВАВА БИТКА, НЕМОЈ СЕГА ДА МИ КЕЊАТЕ И ДА ЦЕПИДЛАЧИТЕ И ДА МРЧИТЕ, ПОЛА ОД ВАС ДО ВЧЕРА МОЛЧЕА ОД СТРАВ И ОД ШТО УСТАТА ВИ БЕШЕ ПОЛНА СО МИТО И КОРУПЦИЈА!

Објавено на 12.11.2018 во 22:52:28 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ги гледам ова кењаторите и хистериците на социјалните мрежи и не ми се верува.

Фрлаат дрва и камења по СДСМ, не биле кадарни да го фатат паторот, крокодил им избегал од зоолошка а не па Грујо ќе го фателе?!

Па теории на заговор дека имало зделка, намерно го пуштиле да бега, дрн дрн јариња...

Што нација ќе бевме бре бре бре... Гадови неблагодарни...

Ало бре, рајо, па токму тоа што Грујо е во панично бегство и се вози некаде у гепек како најдолен олош, е триумф над злото!!!

Каде и да е, вечно ќе се пази кога некој ќе му затропа на врата, вечно ќе е на штрерк, ќе живее во егзил, во избеглиштво, во еден траен хорор кој ќе трае и трае...

И тоа под услов да успее да избега, што уште не е јасно како податок.

Кој го симна од власт, кој му ја уништи целата таа олигархиско - полициско - медиска мрежа?!

Кој све тоа раскринка, сруши како кула од карти?!

Дај бре имајте грам благодарност кон СДСМ, каде бевме, кај сме сега, има ли бре некој грам усул и да каже браво Заевм браво СДСМ за се што сторивте досега?!

Има ли оваа нација грам осет за благодарност?! Или сме првата нација по хистерија и сеир во светот?!

Македонија Сеирџиска Хистериска Неблагодарна Забегана!!!

Како може СДСМ да е крив што некој избегал како најдолен олош? Што да прави владата, да ги злоупотреби полициските и воените сили и да нареди тотална окупација на домот на Груевски иако за тоа нема судска наредба?!

Епа има ли или нема судови во оваа земја?!

Треба да се апси со судска наредба или како ќе му текне некому за да не изгуби политички поени?!

СДСМ и Заев треба да се водат од политичкиот рејтинг или од словото на законот според кој сите се исти па дури и поранешни премиери?!

Дај бре луѓе чукнете ја тоа главата, аман од сезнајковци и серковци!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија