Откако ми помина првиот бран лутина и бес, некако ми е мило што копилето избегало!

Објавено на 13.11.2018 во 18:14:46 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Затоа што ако не избегаше, ако се појавеше доброволно така очајно поразено скршено сам со жена му и децата пред тоа портата во Шутка, ќе ме фатеше жал за копилето. А ич не сакам да ги жалам злите џелати, сакам да ги мразам!

Вака го мразам со полна душа, со целото мое битие, со сета моја ДНК што ја носам на себе... Сите мои клетки се здружени во една стара добра омраза кон еден гад, еден лигуш, еден обичен преварант, една обична бараба мафијашка!!!

Некако со ова свое бегство, Грујо ми ги докажа сите мои тези за него кои лично ги имав во мојата глава но никогаш 100 посто ги немав проверено, секогаш имаше еден црв кој ме вртеше и ме бодеше дали сепак сум во право...

Сега со ова свое бедно бегство, Грујо ми докажа дека овие 20 години на политичка кариера, се што копилето се борело и за што се грижело се само ЈАС, ЈАС и ЈАС!!!

Ништо друго! Ни држава, ни народ, ни партија, ни курац ни палац! Ништо бре!

Само он да се вози во лимузини, он да гнете жабји батаци и стекови од бизон, он да лета со авиони прва класа, он да спие во претседателски и кралски апартмани, он да ги зема провизиите, он да се шири во 4 стана од 500 квадрата во Кисела Вода, он да трупа милиони, он да има 100 асистенти и слуги, он да живее како крал, било каде и да е, никад да не лежи затвор, затоа што тоа е за обични смртници, он е божество, он е над сите, опседнат е со себе, не можеон психички да се помири со тоа да биде како другите, он 20 години е навикнат некој да го вози, некој да му отвора врати, некој да го брани од ќотек...

Мило ми е што копилето избега. Со таа мала ситница што, го чекам денот кога ќе го вратат спакуван како најбеден олош, пред очите на целата нација, конечно падна митот за големиот патриот, син македонски, кој бдее на судбината на Македоња, све тоа отиде у канализација денеска!!!

СРЕЌЕН СУМ ПОРАДИ ТОА!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија