ДЕМАНТ ОД ГРАД СКОПЈЕ: УРКО НЕ СМЕ ГО НАГРАДИЛЕ НИЕ, ТУКУ СОЈУЗ НА СПОРТОВИ КОИ НЕМААТ ВРСКА СО НАС

Објавено на 13.11.2018 во 18:45:52 часот | Македонија

СООПШТЕНИЕ

Скопје,13.11.2018 година

РЕАКЦИЈА – ДООБЈАСНУВАЊЕ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СПОРТСКИ НАГРАДИ „13 НОЕМВРИ“

Град Скопје сака да ги разјасни дел од недореченостите околу доделувањето на наградите за спортисти „13 Ноември“ од Сојузот на спортови на Скопје.

Сакаме да ја информираме јавноста дека овие награди не ги доделува  Градот Скопје и истите не се дел од манифестациите кои ги организира Градот по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето.

Овие награди ги доделува здружението на граѓани - Сојуз на спортови на Скопје, и истата не претставува официјална награда на Град Скопје.

Во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето, вечерва на свечена церемонија градоначалникот Шилегов ќе ги додели наградите „13 Ноември“ на  Град Скопје, кои веќе официјално беа објавени од Комисијата за доделување на оваа награда, меѓу кои  има и награда за достигнувања во областа на спортот.

Со почит,

Град Скопје

 

Митровски, кој долги години беше шеф на обезбедувањето на екс премиерот Никола Груевски ја доби наградата како тренер по кик бокс. Покрај него, на листата на наградени се наоѓаат најзаслужните спортисти, тренери, екипи и спортски работници, односно наградата за спортист ја доби кик боксерот Бобан Илиоски, спортски судија – Зоран Поповски, машката ракометна екипа на Вардар, спортските работници Никола Тасев, Перица Крстевски и Гордана Николовска, награда за спортски новинар за новинарот на Нова Македонија, Ласте Димитриевски, најуспешен професор по физичко и здраствено образование за Мартин Мартиновски, награда за животно дело за Кочо Димитровски, Борче Брсаковски и Венцислав Недев, и посебно признание за директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Наградата 13-ти Ноември ја доделува Сојузот на спортови на Скопје.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет