ТРИЧКО ЗА ХИСТЕРИЈАТА ПО БЕГСТВОТО НА ПАТОРОТ: Полако! Дали ќе не биде!? Се разбира! Олабавете со еуфоријата! Јебала вас катастрофата!!!

Објавено на 13.11.2018 во 20:43:43 часот | Македонија

Катастрофа па катастрофа

Забележувам различни нијанси на расположенија во врска со бегството на Груевски, но во рамките на оние кои во кидавелата на бившиот премиер гледаат врвен сексуален чин врз невиноста на Македонија и причина за отфрлање на обесчестената жена од можноста да биде држава, јас ги препознавам ожевеаните надежи на оние кои минатиот петок, по притворањето на Камчев и друштвото ги беа загубиле сите надежи дека можат да ги расклатат позициите на власта. Ним им есеедно дали ќе се закачат за комарците, ѓубрето, налепниците или бегството на најголемиот мирновременски злосторник во поновата историја на Европа. Се разбира, јас останувам на оценката дека бегството е скандалозна дискредитација на системот и дека мора да се утврдат сите факти и одговорности, но од таа позиција до славењето на Груевски како супермен кој не само што им го начукал на сите туку со тоа ги искорнал самите основи на Македонија, и го затворил случајот во своја полза, е многу далеку! 
Полако!
Дали ќе не биде!?
Се разбира!
Олабавете со еуфоријата!
Јебала вас катастрофата!

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет