АЈДЕЕ, ОВА Е ДРАМА ЧОВЕЧЕ - Јанакиески за ТВ21: Најостро го осудувам бегството на Никола Груевски, со ова тој призна вина за сите нас, сега ние ќе заглавиме доживотно!!!

Објавено на 13.11.2018 во 21:25:28 часот | Македонија

Поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески ексклузивно за ТВ 21 вели дека најостро го осудува бегството на Никола Груевски.

„Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети“.

Јанакиески додава дека не планира да бега од Македонија и дека моментално е во Скопје, најави и појавување на утрешното судско рочиште за предметот „Титаник“.

Тој бара од медиумите да информираат објективно и повика да се престане лицитирањето за идни притвори и притисок врз судот.

Екс премиерот и екс Министерот за транспорт и врски се обвинети во неколку предмети од Специјалното јавно обвинителство.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет