Склучен договор за деловна соработка помеѓу Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Сава осигурување а.д. Скопје

Објавено на 13.11.2018 во 22:56:02 часот | Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Сава осигурување а.д. Скопје, членки на Сава Ре Групацијата, склучија Договор за деловна соработка, со што започнуваат активностите за вршење на маркетинг на пензиски фондови во 3 продажни места на Сава осигурување а.д. Скопје.

Овој договор ќе овозможи членовите и сите заинтересирани граѓани да се информираат и добијат целосна услуга за пензиското осигурување преку продажните места на Сава осигурување а.д. Скопје. Двете компании во следниот период ќе работат на зголемувањето на бројот на продажни места на Сава осигурување а.д. Скопје преку кои ќе се вршат работи на маркетинг за Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Повеќе информации за продажните места на Сава осигурување а.д. Скопје кои во исто време се и продажни места за Сава пензиско друштво а.д. Скопје можете да пронајдете на следниот линк: https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/map/

Членовите и заинтересираните граѓани ќе можат да ги добијат следните услуги:
- Склучување на Договор за членство и Договор за премин во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус,
- Ажурирање на лични податоци како член на пензиски фонд,
- Избор на начин на достава на годишни известувања,
- Склучување на Договор за исплата на пензија или пензиски надоместок од Сава пензиски фонд и Сава пензија плус,
- Поднесување на Барање за исплата на наследство од Сава пензиски фонд и Сава пензија плус и др.

Со склучување на овој Договор, Сава пензиско друштво а.д. Скопје го зголемува бројот на продажни места, со што прави уште еден чекор за олеснување на пристапот до услугите и продуктите на пензиското осигурување како за нашите членови, така и за останатите заинтересирани граѓани.

Со почит,
Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk (02) 3224 229

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет