ДЕМАНТ: Сенка Наумовска беше многу добар директор на НУБ, а како личност се работи за прекрасна образована културна способна жена, писмото кое го објавивте е полно со лаги и клевети!

Објавено на 14.11.2018 во 18:49:33 часот | Македонија

Здравo Сашо.

Во Националната и униврзитетска библиотека работам 10 години. Сум бил во повеќе сектори - читална, збирки, ЦИП служба и последниве две години работам културни манифестации и меѓународна соработка.

Како што можеш да забележиш има постепен напредок во мојата позиција во НУБ. Културни манифестации е одделение кое е директно под директорот и затоа е дел од кабинетот. Токму затоа сум присуствувал на поголемиот дек од состаноците. Имам стекнато звање Виш библиотекар и сум дел од стручниот совет на институцијата, што е уште една причина за моето присуство.

Последниве годиина и пол сум повеќе од 10 часа на работа без никаков надомест, бидејќи конечно со НУБ раководеше професионалец како др. Сенка Наумовска и работите се движеа во позитивен правец.

Делумно е реновиран просторот за корисници со тапацирање на мебелот, набавка на најнови компјутери преку спонзорства, набавени се најнови изданија од светската продукција, отворена е институцијата за секакви граѓански иницијативи, изложби, промоции итн.

Одделението за слепи беше собиралиште на дел од вработените кои уште од 9 наутро консумираа алкохол и поради тоа беше потребно да се ограничи пристапот на дел од вработените до тие простории, а процесот на печатење книги со брајово писмо не е нарушен.

Што се однесува до приватните моменти од мојот живот и животот на Сенка, дали си свесен каде навлегуваш со објавените невистини? Дали си помислил на стигмата која ја фрлаш врз нашите најблиски само затоа што некој идиот решил да ти напише лага која ти без никаква проверка ја објавуваш? Срамота!

Инаку тој што ти го напишал писмото сексуално ја вознемируваше Ирена која е слепа и работи во тоа оддечение.
 
Си објавил писмо од пијаници, срамота!

 

 

* реклами:

 

 

 

Македонија

Свет