АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СЕ ИЗВИНИ ЗА ГРЕШКАТА КОЈА БЕШЕ НЕНАМЕРНА, ИМАА ДОБРА НАМЕРА ДА ПОМОГНАТ, НО СЕ СЛУЧУВА НЕКОГАШ ДА СЕ НАПРАВИ ЛАПСУС, СЕ РАБОТИ ЗА КОМПАНИЈА КОЈА ИМА ДОНИРАНО 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ДОНАЦИИ!

Објавено на 14.11.2018 во 19:45:42 часот | Македонија

Почитувани,

Адора има донирано во текот на годините над 3,5 милиони евра каде што било најпотребно, средства донирани од срце, без тие да бидат користени во маркетинг цели.

Денешниот пост кој што беше толку многу критикуван, е преземен од светски концепти кои одлично функционираат. Пренасочувањето на маркетинг буџетот во хумани цели, сметаме дека е навистина корисна алатка. Односно, наместо одредени средства да се трошат на Инстаграм и на Фејсбук за спонзорирање на постови, истите да се донираат таму каде што сега се најпотребни!

Кога се оди на хуманитарна забава, се дава по 200 денари за пијалок, од кои само 10-20% завршуваат како донација. Дали тоа значи дека некој се забавува на туѓа несреќа?

Follow за донацијата требаше да преставува креативен начин преку кој Адора сакаше да ги поттикне сите да придонесат, прекрасната Цаци побрзо да оздрави, што го посакуваме од срце! На крајот од денот, постои и unfollow, а наша цел беше само да собереме супер поддршка, во случајов за Цаци, утре за некој друг!

Навистина ни е жал што исходот е таков каков што е, и повторно упатуваме апел за донација на следната жиро сметка и од срце им се заблагодаруваме на оние кои ја поздравија акцијата, а искрено се извинуваме на сите кои ја осудија.

Ние денес дониравме од името на Адора и од името на сите наши следбеници!

Донирајте и вие на следната ж-сметка 
200003381608851

Ваша,

Адора

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет