ШТО И ТРЕБАШЕ ТАКОВ КИКС КОГА ПОЧНА ДА ГЛУМИ НЕВИНО БАЈЧЕ: Старата добра Гоца, арогантна, подла, расипана, интелигентна, сурова гадура!!!

Објавено на 14.11.2018 во 21:48:37 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Што и требаше Гоца да оди на интервју на 1 ТВ?!

Таман почнавме да забораваме на старата Гоца која 10 години беше страв и трепет, своевиден вмровски Ајхман, лидер на СС трупите, таман паднавме на тие финтите со бебенцето, кога оп, ете ти ја Гоца на 1 ТВ со Борјан и Кабранов кои додуша, ја раскинаа, но таа го покажа старото добро лице кое толку многу го мразиме!!!

Дрска, арогантна, подла, расипана, гадна особа, одговори ЈА НИСАМ ОДАВДЕ, што збориш, па вака е па така е, правење луда, правење на тошо, па вака било па така било, она надмено, арогантно, сурово лажење да ти се превртат цревата.

Гоца го имаше доведено тој ПР настап до совршенство, беше уникат, сите донекаде правеа мали човечки признанија и емпатии, но Гоца беше онака како робот, како машина, секако со многу интелект и подлост до бескрај.

Колку мало а колку одвратно створење, мила мајчице...

Никад се не повторило, пу пу подалеку било, никад се не вратило, кое лудо време беше тоа, што и требаше на женава ова гостување не ми е јасно, тотално промашен потег!

Контрапродуктивен! Еј уште она не знаела кој прислушкувал, она мислела дека работи професионално, не била она крива, друг бил крив?!?!

Абе дај бе оди скри се негде у некој манастир у некоја шума, ало, стоко една ненормална!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија